Фејзбук статус на Генералниот секретар на Левица и носител на пратеничка листа во ИЕ 5, Јована Мојсоска

Стево Вошка во интервју тврди дека е невозможно држава со 1.8 милиони жители да ја убедела не само Бугарија, туку и цела Европа, да се гарантираат човековите права на Македонците во Бугарија.

Прво, во време на Титова Југославија, Македонија ги диктирала учебниците на Бугарија – а, не обратно! Ама тогаш сме имале ДРЖАВНИЦИ, а не вазали со бескичмењачки менталитет.

Второ, ваквата изјава е деградирање на целокупната сила на македонската национална борба, каде македонскиот народ со крв и непокорност пред целиот свет ја докажал својата самобитност!

И трето, ако на ЕУ не и’ е императив почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија (кое трпи децениски терор), таква ЕУ не ни треба!

Замислете го Стево со неговиот лузерски менталитет во Втора светска војна, сигурно и тогаш ќе бил на страната на колаборационистите, затоа што “Македонија е мала држава во споредба со фашистичката машинерија”.

Ако Стево смета дека Македонија толку може како мала држава – нека го отстапи местото на други кои веруваат дека можеме и умееме многу повеќе од чемеров во кои не’ втурнавте!