Делегација на Левица, предводена од потпретседателот Реџеп Исмаил – Хактан и членовите на Централниот Комитет – Игор Димески и Андреа Јанков положи свежо цвеќе во с. Вејце во чест на осумте загинати бранители во војната во 2001 година.
Масакрот од 2001 година останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив – истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
Вечна слава на бранителите Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица ,,Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски. Тие заслужуваат достоинствен спомен-дом за кој Левица ќе се бори, како и за бранителите кои се заборавени од секоја партија на власт, а терористите добија срамна колективна амнестија.
Но, Левица потсеќа дека воени злосторства не застаруваат и дека не може да има помирување додека нема одговорност за извршените злодела. Стои во соопштението на политичката партија Левица.