Во соопштението на Црвена Младина стои:
Со најновата објава на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот, уште еднаш е потврдено дека македонското образование и наука се во длабока криза! Недостатокот на било какво присуство на македонски универзитет на оваа реномирана листа е јасен показател дека политиките на владејачките гарнитури низ годините, ја гушат академската заедница и го маргинализираат значењето на истражувачката дејност.
Владата донесе Одлука согласно изгласаниот ребаланс на буџетот со која од и така скромните средства издвоени за научноистражувачката дејност – скратени се дополнителни 76 милиони денари.
Најновиот ребаланс на буџетот, со кој од 72 милиони денари за национално научно-истражувачки проекти се скратени на бедни 200 илјади денари, е директен удар врз нашите професори и млади истражувачи.
Понатаму, за програми на јавните научни установи и единиците насочени кон науката при држаните универзитети, сега се предвидени понижувачки 100.000 денари, односно речиси 14 милиони помалку.
Одпрвично предвидените средства за билатерални научно-истражувачки проекти, скратени се 5 милиони денари.
Оваа скандалозна одлука само ја продлабочува безизлезната ситуација во која се наоѓа високото образование во Македонија. Наместо да вложуваме во знаење и истражување, ние сведочиме на драстично намалување на средствата кои се неопходни за академскиот напредок на земјата.