Во соопштение од политичката партија Левица стои:

Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата НЕМА ПАРИ за бесплатен градски превоз за СТУДЕНТИТЕ и СРЕДНОШКОЛЦИТЕ бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје!

Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП.