Генералниот секретар на Левица и носител на листа за пратеници во Изборна Единица 5, Јована Мојоска заедно со коносителот во Изборна Единица 5 и модератор на ЛО Битола, Горан Велевски положија свежо цвеќе на споменик на загинатите борци во масакрот кај Вејце, по тој повод, Јована Мојсоска на фејзбук напиша:
Вечна им слава на Роберт Петковски (27), Бобан Трајковски (28), Игор Костески (25), Миле Јаневски (30), Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Илче Стојановски (24) и Бошко Најдовски (25).
Денес се бележат 23 години од најбруталниот масакр од заседа кога беа предадени 8 македонски бранители. Воено злосторство налик на најгрозоморните дела на ИСИС кое никогаш не се расчисти, а останаа само шпекулации за директна инволвираност на актуелни функционери.
По оружениот напад кој траел 20 минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот, биле живи запалени. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени.
Најтраорен момент од денешното положување цвеќе беше моментот кога семејствата на загинатите бранители положија цвеќе… Не може да не ти се навлажнат очите кога ја гледаш нивната тага и да не се запрашаш: – Дали како генерација се оправдавме пред нивните семејства? Дали ја заслуживме жртвата на овие македонски херои кои пола час давале отпор против терористите?
Воени злосторства НЕ ЗАСТАРУВААТ.
„Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија.“ И радиостаницата замолкна…