Најавената кандидатура на вазалот Стево Пендаровски само ја потврди анти-македонската и империјалистичката матрица на пасокизираните социјал-демократи. Македонската јавност го памети Пендаровски како безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика, кој не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам и кој сервилно го одмолчуваше секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик.
Пендаровски во неговиот мандат беше марионета на бугарските негаторски политики и истиот го прифати Протоколот со Бугарија, кој беше креиран од докажаниот анти-македонист Румен РАДЕВ. Токму Радев отворено ги промовираше неговите шовинистички ставови кон македонската нација и призна дека никогаш нема да дозволи легитимација на македонизмот со влез во ЕУ!
Пендаровски, иако првично бараше писмени ГАРАНЦИИ од Бугарија и ЕУ, потоа веднаш ретерираше и прифати се што му сервираше официјална Софија, во духот на неговиот поданички менталитет. Пендаровски наместо да се спротистави на негаторските политики на официјална Софија, која усвои и Декларација со која се негира македонскиот јазик – истиот опасно релативизираше дека БУГАРИЗАЦИЈАТА е измислена од опозицијата.
Овој слуга на Калето ќе остане запаметен по неговата анти-државничка изјава дека Македонија е мала држава и според него, „ТОЛКУ МОЖЕМЕ” да ги одбраниме македонските национални интереси. Со ваквите лузерски изјави, Пендаровски ги негираше големите жртви кои македонскиот народ ги дал во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Но, затоа, Пендаровски докажа дека е уште еден мал политичар, кој нема државотворен капацитет да ги одбрани националните позиции од внатрешните и надворешните закани.
Поразот на Пендаровски на 8-ми мај ќе биде почеток на враќањето на суверенитетот во рацете на македонскиот народ, кој конечно ќе расчисти со ваквите кариеристи и вазали во политиката, како своевидна катарза за НОВ почеток во водењето на достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација на храбри македонски политичари. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.