Вработените во ,,Еуроникел Индустри: повторно останаа без работа. Откако на почетокот на декември, Комерцијална банка ја активираше хипотекарната гаранција во вредност од речиси 38 милиони евра, банката стана сопственик на комбинатот. Сега најуспешната приказна на стечај, како што помпезно ја најавуваа поранешните функционери Заев и Анѓушев, повторно е пред стечај.
На вработените не им се исплатени ТРИ ПЛАТИ и бараат што побрзо да се најде инвеститор, за фабриката да може да продолжи со работа. Покрај вработените, две илјади фирми и поедници зависат од функционирањето на овој металургиски гигант.
Компанијата ,,Еуроникел Индустри’’, основана на почетокот на 2019 година, стана нов сопственик на кавадаречкиот комбинат за фероникел ,,ФЕНИ”, откако во стечајната постапка ги откупи побарувањата на двете најголеми банки, Стопанска и Комерцијална. Нејзин основач е инвестицискиот фонд – Глобал Спешл Опортунитиз (ГСОЛ) ЛТД од Бахамите (земја на црната листа на даночни раеви), а егзотичното потекло на оваа компанија отвори простор за многу шпекулации во јавноста околу вистинската сопственост на оваа офшор-компанија.
Владата претходно на ,,Еуроникел” му додели милион евра финансиска поддршка во 2019 година, а претседателка на Комисијата за евалуација беше посебната советничка на вицепремиерот Анѓушев. ,,Еуроникел” за три години (од 2019 до 2021 година) оствари над 25 милиони евра ПРОФИТ и откако офшор инвеститорите целосно го испумпаа профитот, како впрочем претходно и ,,Фени”, ги оставија на цедило вработените.
Овој гигант станаа жртва на ПОГУБНИТЕ владини политики кои дозволија инвеститори од озлогласени даночни оази да станат сопственици, зад кои често се кријат домашни инвеститори. Покрај даночните затајувања, офшор фирмите се немилосрдни во однос на иднината на компанијата. Со голема леснотија земаат кредити и го ставаат под хипотека недвижниот и подвижниот имот, како што е случајот со ,,Еуроникел”.
Левица апелира државата да ја откупи компанијата ,,Еуроникел Индустри”, кој беше економски гигант во минатото, и да основа јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост, со цел овој загубар да се трансформира во еден од најзначајните светски производители на фероникел. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.