На денешен ден пред дванаесет години се изврши петкратното и најгрозоморното убиство во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година на Велики Четврток пред христијанскиот празник Велигден беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје.
Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски од селото Црешево.
Отворен беше судски процес и предмет познат како „Монструм“, за кој имаше пресуда, но за жал и политичка манипулација каде одредени политичари си поигруваа со чуствата на семејствата на убиените и јавноста. На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, Хаки Азири 9 години, а судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово,но и покрај распишаните потерници и ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Македонија.
Слава им на загинатите!