Кандидатот за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска денес ја претставува програмата пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчеви. Македонска Каменица како што рече ја псоетува втор пат, а целта е со граѓаните да поразговара ,,очи в очи” за актуелните проблеми и претставување на својата програма која таа ја нуди како претседателски кандидат.
-Во Македонска Каменица прв пат бев овде кога ја отворавме локалната канцеларија.
Денес имаме пазарен ден и малку повеќе луѓе, продолжуваме со разговор ,,очи в очи” со граѓаните, од кои за жал ја слушам онаа приказна, колку граѓани утрово се качиле во автобуси и заминале од градот. Значи постојано во овој дел од Македонија, но и во останатите се соочува е со иселување на она што е најдоброто и она што е најсакано. Целата наша програма , значи зборувам за онаа својата претседателска, меѓутоа и она што ќе следува во вид на парламентарна програма на Левица е насочена токму кон решавање на проблемите на граѓаните, рече Ванковска.
Според Ванковска вест на денот е дека нема да има дебати, заради што како што рече граѓаните нема да бидат во можност да ги слушнат аргументите на Левица.
-Имаме решенија и визија, нема да инвестираме пари во воени цели, туку во социјални и развојни цели за Македонија. За жал веста на денот е дека Претседателот актуелен и врховен командант се исплаши од ТВ дебата, така што драги и почитувани граѓани на Македонија, нема да имате можност да видите како тоје нема одговор на моите аргументи кои се не замо научни фактички и здраво разумски така што излегувајте да се гледаме, да се дружиме да ви објаснам што всушност нуди Левица, односно Билјана Ванковска, додаде кандидатот за претседател од Левица.
На средбата со граѓаните на Македонска Каменица и Делчево е и носителот во ИЕ3 од Левица, Борислав Крмов.
-Мене и луѓето ми кажаа дека каменичани во суптина имаат традиција да бидат независни и дека тука не трпат предизвици. И затоа и тука очигледно поддршката е толку голема. Сакам да кажам дека во професорката баш таков кандидат ќе имаат независен кандидат кој ќе се грижи за македонските интереси, а не за други интереси. Тоа е кандидат кој нема да оди по амбасадите, туку македонскиот идентитет ќе му биде најголемиот интерес, рече Крмов.