Сега, во сезоната на монсун, Камбоџа е зелена, студена и одморена. Оризовите полиња на ниските ридести падини се поплавени, шумите кои ги кријат старите храмови се скоро непроодни, бурното море ги одвраќа пливачите. Тоа е пријатно време повторно да се посети оваа скромна земја: Камбоџа не е пренаселена и Камбоџанците не се алчни, туку прилично мирни и релаксирани. Тие ловат ракчиња, лигњи и спариди. Одгледуваат ориз, незагаден од хербициди, рачно саден, одгледуван и собиран. Произведуваат доволно за себе како и за извоз.
Социјализмот е брзо растурен: текстилните фабрики поседувани од Кинезите произведуваат за европските и американските пазари кои вработуваат десетици илјади млади камбоџански девојки кои заработуваат 80 долари месечно. Им се дава отказ при првиот знак дека ќе формираат синдикат. Новопечените богаташи живеат во палати; има изобилство на лексус автомобили и тука-таму ролс-ројс. Огромни црни и црвени, тешки и скапоцени трупци постојано се превезуваат до пристаништата за извоз на дрвен материјал, уништувајќи ги шумите, но збогатувајќи ги трговците. Има многу нови француски сопственици на ресторанти во главниот град; претставниците на невладините организации заработуваат во една минута исто колку еден работник во текот на цел еден месец.
Не останало многу од бурниот период кога Камбоџанците се обиделе радикално да го променат поредокот согласно својата единствена традиционалистичка конзервативна селанска револуција под знамето на комунизмот. Тоа беше славното време на Жан-Лик Годар и неговиот филм La Chinoise, на Културната револуција во Кина во која се испраќаа партиските луѓе на реедукација во далечни фарми, на Црвените Кмери кои маршираа кон корумпираниот главен град. Социјалистичкото движење достигна чаталесто ниво: дали да напредува кон повеќе социјализам во Маов стил или да се повлече кон помалку социјализам во советски стил. Експериментот на Црвените Кмери траел само три години, од 1975 до 1978.
Изненадувачки, Камбоџанците немаат лоши спомени од тој период. Ова е сосема неверојатно откритие за нередовен посетител. Не сум тука да ја реконструирам „вистината“, која и да е таа, туку повеќе да го откријам колективното сеќавање на Камбоџанците, како тие гледаат на настаните од доцниот 20-ти век, која приказна оттогаш се раскажувала. Семоќната пропагандна машинерија на Западот ја всадила во нашата свест сликата за крвожедните комунистички Црвени Кмери кои го масакрирале својот народ на „Полињата на смртта“ и владееле над него на чело со кошмарниот Пол Пот, кој важи како сечија претстава за безмилосен деспот.
Мошне цитираниот американски професор, Рудолф Џозеф Румел, напишал дека „од популацијата во 1970 година која веројатно изнесувала близу 7 100 000, скоро 3 300 000 мажи, жени и деца биле убиени, повеќето од овие биле убиени од комунистичките Црвени Кмери“. Секое второ лице било убиено, според неговата проценка.
Сепак, населението на Камбоџа не било преполовено, туку повеќе од удвоено по 1970 година, наспроти наводните многукратни геноциди. Изгледа, пописниците на геноциди биле неспособни или пак нивните резултати биле во голема мера преувеличени.
Пол Пот, на кој Камбоџанците се сеќаваат, не бил тиран, туку голем патриот и националист, љубител на домородната култура и домородниот начин на живеење. Бил израснат во кралските палатски кругови, неговата тетка била љубовница на претходниот крал. Студирал во Париз, но наместо да заработува пари и да направи кариера, се вратил дома и поминал неколку години живеејќи со племиња во џунгла за да учи од селаните. Имал сочувство спрема обичниот селански народ кој бил ограбуван катадневно од страна на градските луѓе, буржоаските паразити. Создал војска за да го брани селанството од овие владеечки експлоататори. Пол Пот, монашки човек со едноставни потреби, не барал богатство, слава или власт за себе. Тој имал една голема амбиција: да му стави крај на колонијалниот капитализам кој веќе пропаѓал во Камбоџа, да ја врати земјата на селанската традиција и да изгради нова земја од почеток.
Неговата визија била многу различна од советската. Советите ја изградиле својата индустрија искрвувајќи го селанството, додека Пол Пот сакал прво да го обнови селанството и само отпосле да изгради индустрија за да ги задоволи потребите на селаните. Ги презирал градските луѓе, тие не придонесувале ништо корисно, според неговото гледиште. Мнозина од нив биле поврзани со лихварските кредитори, кои биле посебна карактеристика за послеколонијална Камбоџа, другите им помагале на странските компании да го ограбуваат богатството на народот. Како силен националист, Пол Пот не им верувал на виетнамските и кинеските малцинства. Но, она што тој најмногу го мразел биле лакомоста, алчноста, желбата да се поседуваат работи. Свети Франческо од Асизи и Лав Толстој ќе го разбереле.
Камбоџанците, со кои јас зборував, ги отфрлија страшните приказни за комунистички холокауст како измислица на Западот. Тие ме потсетија за она што се случувало: нивната кратка историја на неволји започнала во 1970 година кога Американците го прогониле нивниот легитимен владетел, кралот Сиханоук, и го замениле со свој овластен воен диктатор Лон Нол. Прекарот на Лон Нол бил Мито, а неговите следбеници украле сѐ што можеле, префрлувајќи ги своите украдени богатства во странство, а потоа ги префрлиле во Соединетите Американски Држави. Како врв на сето ова дошле изненадните бомбардирачки напади од С.А.Д. Селаните им се придружиле на герилските единици на Црвените Кмери во џунглата, коишто биле предводени од неколку дипломци на Сорбона и на крајот успеале да го прогонат Лон Нол и неговите американски поддржувачи.
Во 1975 година, Пол Пот ја презел земјата, опустошена од бомбардирачката кампања на С.А.Д. насилна колку таа во Дрезден, и ја спасил, велат Камбоџанците. Навистина, американските авиони (дали се сеќавате на Трка на Валкирите во филмот Апокалипсата е сега?) фрлиле повеќе бомби врз оваа сиромашна земја отколку што фрлиле врз нацистичка Германија (од 4 октомври 1965 до 15 август 1973, С.А.Д. фрлиле 2 756 941 тони бомби на територијата на Камбоџа), и ги расфрлиле своите мини ширум целата земја. Ако Камбоџанците мора да го кажат својот голем уништувач (а тие не се заинтересирани да гледаат во минатото), тоа е професор Хенри Кисинџер, а не другарот Пол Пот.
Пол Пот и неговите другари наследиле опустошена земја. Селата биле напуштени, милиони бегалци се собрале во главниот град да ги избегнат американските бомби и американските мини. Сиромашни и гладни, тие морале да бидат нахранети. Но, поради бомбардирачката кампања, никој не садел ориз во 1974 година. Пол Пот заповедал сите да ги напуштат градовите и да заминат на оризовите полиња да ги обработуваат. Ова било суров, но неопходен чекор и за една година Камбоџа имала изобилство од ориз, доволно за да се нахранат сите и дури да продава одреден вишок за да купи неопходни стоки.
Новата Камбоџа (или Демократска Кампучија, како што била именувана) под Пол Пот и неговите другари била кошмар за привилегираните, за богаташите и за нивните соработници, но сиромашните луѓе имале доволна храна и биле описменети. Што се однесува до масовните убиства, ова се само страшни приказни за мали деца, тврдеа моите камбоџански соговорници. Се разбира, победничките селани ги стрелале пљачкашите и шпионите, но многу повеќе биле убиени од мините поставени од Американците, и за време на последователната окупација од страна на Виетнам, ми кажуваа тие.
За да ја слушнам и другата страна што има да каже, патував до „Полињата на смртта“ во Чоеунг Ек, спомен место каде што наводните жртви биле убиени и закопани. Ова место е околу 30 километри оддалечено од Пном Пен, уреден зелен парк со мал музеј, многу посетуван од туристи, камбоџанскиот Јад Вашем (официјален израелски меморијален центар на Евреите кои биле погубени во Холокаустот). Плакета вели дека црвенокмерските чувари доведувале околу 20 до 30 притворени лица двапати или трипати месечно и многу од нив ги убивале. Во текот на три години од владеењето на Црвените Кмери, оваа бројка достигнала помалку од две илјади мртви, но друга плакета вели дека се ископани околу 8 илјади тела. Сепак, друга плакета вели дека имало над еден милион убиени. Ноам Чомски проценил дека вкупната бројка на убиени во Камбоџа може да била зголемена „за фактор од илјада“.
Не постојат фотографирани убиства, па наместо тоа, скромниот музеј поседува неколку наивни слики коишто покажуваат голем, силен маж кој убива ситен, слаб маж во прилично традиционален стил. Други плакети велат: „Овде биле чувани алатките за убивање, но сега ништо нема останато“ и слични натписи. Мене ова ме потсетува на други приказни – спонзорирани од ЦИА – за комунистички злосторства, нека бидат тоа Сталиновите чистки или Украинската глад. Луѓето кои сега се на власт во С.А.Д., Европа и Русија, сакаат да ја претстават секоја алтернатива за нивното владеење како јалова или крвожедна или обете. Тие посебно ги мразат неподмитливите водачи, нека биде тоа Робеспјер или Ленин, Сталин или Мао – и Пол Пот. Тие претпочитаат водачи кои се склони кон корупција за да на крајот да ги постават на власт. Американците имаат дополнителна добра причина: убиствата на Пол Пот служат да ги скријат нивните сопствени злосторства, милионите Индокинези кои тие ги палеа со напалм од воздух и ги бомбардираа.
Камбоџанците велат дека многу повеќе луѓе биле убиени од нападот на Виетнамците во 1978 година додека Виетнамците претпочитаат да ја префрлат вината на Црвените Кмери. Но, сегашната влада не го промовира ова или каква било друга истрага за минатото и тоа поради добра причина: практично сите важни јавни службеници над одредена возраст биле членови на Црвените Кмери и често водечки членови. Покрај тоа, скоро сите од нив соработувале со Виетнамците. Сегашниот премиер, Хун Сен, бил командант на батаљон на Црвените Кмери во источниот регион на Камбоџа, а подоцна ја поддржал виетнамската окупација. Кога Виетнамците заминале дома, тој бил поставен на власт.
Кралот Нородом Сиханоук, кој бил прогонет од Американците, исто така ги поддржувал Црвените Кмери. Тој се вратил дома во својата отмена кралска палата и во својот соседен посребрен храм со Буда во светлозелена боја откако заминале Виетнамците. Неверојатно, тој живеел до 2012 година, макар што ја предал круната на својот син, монах кој морал да го напушти манастирот и да го преземе тронот. Ниту пак кралското семејство е спремно да го истражува минатото. Никој не сака да дискутира за тоа отворено. Официјалната приказна за наводните злосторства на Црвените Кмери е всадена во свеста на западниот свет, макар што обидите да се казнат злосторниците вродија со оскудни резултати.
Гледајќи во минатото, изгледа дека Црвените Кмери на Пол Пот не успеале во својата надворешна политика колку во својата внатрешна политика. Убаво е тоа што тие ги укинале парите, ги кренале во воздух банките и ги испратиле банкарите на оризовите полиња. Убаво е тоа што тие ги уништиле големите крвопијци, градските буржоаски паразити и лихварите. Нивниот неуспех се состоел во тоа што тие не ја зеле предвид својата позиција наспроти Виетнам, и се обиделе да војуваат повеќе отколку што можеле. Виетнам била многу моќна земја – само што ги поразила С.А.Д. – и нема да трпела каква било глупост од своите помлади браќа во Пном Пен. Виетнамците планирале да создадат Индокинеска федерација којашто ќе ги вклучила Лаос и Камбоџа под нивно лидерство. Тие ги нападнале и ги собориле од власт тврдоглавите Црвени Кмери кои биле премногу желни за своја независност и ја поддржувале црната легенда за геноцид од Виетнамците за да ја оправдат својата крвава интервенција против Виетнам.
Ние премногу зборуваме за злосторствата извршени под футуристичките режими а премалку за злосторствата на алчните владетели: Бенгалската глад, холокаустот во Хирошима, Виетнамската трагедија или дури масакрот Сабра и Шатила. Обновата на капитализмот во Русија убила повеќе луѓе отколку воведувањето на социјализмот, но кој знае за тоа?
Сега, ние може внимателно да ги преиспитаме храбрите обиди да се оствари социјализам во различни земји. Тие биле направени под сурови, неповолни услови, под закана од интервенција, соочени со непријателска пропаганда. Но, да се потсетиме: ако социјализмот пропадна, тогаш не успеа и капитализмот. Ако комунизмот беше придружен со загуба на човечки животи, тогаш и поради капитализмот се губеле и се губат човечки животи. Но, со капитализмот, ние немаме иднина за која вреди да живееме, додека социјализмот сѐ уште нуди надеж за нас и нашите деца.
Преземено од: https://www.marxists.org/makedonski/tematska/mitovi-antikomunizam/2012/pol-pot.htm