Превод од руски јазик на Проф. д-р Димитар Апасиев

Пристап до првиот дел: https://lenka.mk/left_literature/aleksandar-zinovјev-globalizacziјata-kako-voјna-od-nov-tip-prv-del/

VI.НАДОПШТЕСТВО

Надопштеството, кратко речено, претставува обединување на луѓето на едно повисоко ниво на социјална организација од вообичаеното општество. Тоа повисоко ниво се забележува со самото тоа што врз државноста се распростира т.е. Израснува наддржавноста, врз економијата – недекономија, врз идеологијата – надидеологија итн., така сите тие „надградби“ ја образуваат новата компонента во социјалната структура на обединувањето. Тоа во себе ги вклучува претходните нивоа т.е. компоненти на социјалната организација на општеството (држава, право, економија, идеологија и сл.) – но, нив ги трансформира со цел да ги прилагоди на новите услови и, се разбира, да доминира над нив. Историски гледано, првиот образец на надопштество со огромни размери и со претензии за светско лидерство бил Советскиот Сојуз.

По Втората светска војна и западниот свет, исто така, започна да еволуира во насока на надопштество – но надопштество од сосема друг тип. Започна интеграцијата на државите од западниот свет во глобалното западнистичко надопштество! Тоа веќе зазема се поригиден и тврд курс на воспоставување на своето светско господарење, и успешно чекори на тој пат – имено, ја остварува глобализаци- јата на човештвото притоа користејќи го своето главно оружје, а тоа е вестернизацијата на останатите народи ширум планетава. Основите и темелите на ова „западнистичко глобално надопштество“ се наоѓаат во САД. Тие се толку меѓусебно сраснати, така што изразот Соединети Американски Држави (Вашингтон) стана двосмисле: од една страна тој ги означува САД како една национална сложена федеративна држава, а од друга страна е синоним и за глобалното надопштество, за кое ќе проговориме нешто повеќе. Во тоа надопштество веќе се вовлечени повеќе милиони луѓе, а исто така тоа располага и со околу 70 % од светските ресурси. Може да заклучиме дека тоа веќе ги пуштило своите пипала во сите точки и места на Планетава.  

VII.ПРОЕКТИРАНА И УПРАВУВАНА ИСТОРИЈА

Вториот аспект на еволуциониот пресврт, кој се случи во втората половина на XX век, се забележуваше преку тоа што историскиот процес од стихиен и неконтролиран се преобразиво проектиран, раководен и управуван (контролиран и координиран). Да се каже просто само дека тој управува со животот на луѓето значи да се каже нашто бесмислено, па затоа треба и мора точно да се укаже кој и со каква сила го врши тоа планирање и управување. Како субјект којшто го контролира одот на историските процеси и управува со нив, се јавува големо множество на луѓе од западниот свет, обединети во глобалното надопштество, за коешто стана збор пред малку. Тоа надопштество го организира сиот западен свет во една целина и го нанишанува или усмерува кон покорување на целата планета. Огромен број организации, центри, специјалисти итн. земаат удел во креирањето и контролирањето на историскиот oд.

Онаа историја со којашто со занимавал Карл Маркс, кога пишувал за некави закони на стихијната еволуција, остана во минатото. Ресур- сите кои денес се контролирани од ова западнистичко надопштество се толку големи што дури дозволуваат еволуционистичките процеси да се остваруваат на сличен начин како што порано се одвивале одделните операции (работни акции) на градење аеродроми, пристаништа, канали и сл. Самите овие грандиозни примери од ваков вид можеби послужија за антикомунистичката револуција во Русија, подготвувана во текот на целата Студена војна, а остварена во годините на Горбачов и на Елцин. Жртви на ова глобално планирање и владеење со историските закони постануваат сите земји и народи. Првите решавачки акции на западнистичкото надопштество во однос на Руската Федерација се успешно остварени (од гледна точка на нашите непријатели т.е. противници). 

Но, тие не се задоволија со тоа.

VIII.ЕВОЛУЦИОНА ВОЈНА

Војната од нов тип за којашто станува збор, во своето прилагодување кон еволуциониот пресврт, не е веќе едноставна војна за освојување на нови светски предели, пазари или нешто слично. Оваа војна е неспоредливо подлабока и со поголеми размери – таа е еволуциона војна (војна којашто се води за контролирање на сета подоцнежна еволуција и развиток на човештвото којшто следи во наредниов период).

Таа имаше свои предвесници, спомнете си само на намерата на Хитлерова Германија да создаде светска империја според однапред осмислен проект; сетете се на намерата на марксистите да воведат светски комунизам. Овие обиди може да се каже дека беа направени со неподобни средства, кои беа преслаби и несоодветни за исполнување на такви грандиозни проекти.Сега положбата и ситуацијата на планетава се изменети. Условте и моќта на новите иницијатори на ваквите и слични идеи за подведување на човештвото по западен калап станаа такви што, намерите да се потчини под себе целокупниот процес на човековата еволуција, напредок и развој – се чинат наполно реални. Дали овие намери се остварливи или не, тоа е сосема друго прашање. За нас сега е важно тоа што го дефиниравме карактерот на оваа светска војна од нов тип, којашто веќе е започната. Подвлекувам дека, не случајно, главен противник на западнистичкото глобално надопштество стана Советскиот Сојуз, којшто во еволуционите односи му парираше на западниот свет повеќе од половина век. За Западот, проблемот да се урне Советскиот Сојуз не беше едноставно проблем тој да се ослабне воено, политички, економски или идеолошки, туку проблемот се состоеше во тоталното опустошување и уништување на својот конкурент – којшто го загрозуваше устројството на новиот светски поредок воспоставен по своеволен терк, притоа имајќи реални шанси за успех. (Само припомнете си, одамна ли беше времето кога поголемиот дел од политичката карта на светот беше обоена со црвена боја)?

Советскиот Сојуз откри таква линија на социјалниот развој која квалитативно се разликуваше од онаа по којашто тргна западниот свет, а со која овој не можеше и сѐ уште не може да се одржи во живот. Советскиот Сојуз стана образец кој беше имитиран од стотици милиони луѓе ширум светот, кои не му припаѓаа на Западот. Поразот на Русија и во „студената“ и во „топлата“ војна зададе силен удар врз комунистичкиот курс на општествениот развој, но сепак не успеа да го погуби еднаш-засекогаш, бидејќи од гледна точка на западните стратези сѐ уште постои опасност од комунизмот кој не беше целосно усмртен. Русија сѐ уште не е здробена до крај и таа сѐ уште раѓа страв во западниот свет. И војната од нов тип, како еволуциона војна, сѐ уште не е завршена. Нејзиниот завршеток ќе се случи некаде во периодот кој е пред нас.

Продолжува во трет и последен дел.

Превземено од:https://www.academia.edu/3110124/АЛЕКСАНДАРЗИНОВЈЕВГЛОБАЛИЗАЦИЈАТАкакоВојнаодновтиппревододруски_?email_work_card=view-paper