Превод од руски јазик на Проф. д-р Димитар Апасиев

I.ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Претставете си себеси опис на 40-те години на XX-от век во Европа. Врз основа на истакнатите достигнувања на науката и техниката започна обединувањето на европските народи во единствено општество. Неспорно е дека глобализацијата не е привиден или виртуелен, туку реален процес. Тој има објективни основи и закономерности. Ова е процес во кои активните луѓе треба да поседуваат волја и знаење. Во него се решаваат судбините на луѓето, државите, народите и поколенијата.

Од каде произлегува иницијативата за овој процес?! Иницијативата на глобализацијата се јавува во западниот свет. Основите на овој процес произлегуваат од ЗАПАД. Тој се реализира со силата на Западот и првенствено во негов интерес! Социјалната суштина на глобализацијата се состои во тоа што таа самата е грандиозно испланирана и постојано детално разработувана. Таа е усмерувана и насочувана од основните аспекти на војната на Западниот свет – не директно кон светско господарење, туку кон владеење со еволутивните процеси на човештвото и управување пред сѐ во свој интерес. Подолу ќе го појаснам ова мое уверување…

II.СОЦИОЛОГИЈА И ПОЛЕМОЛОГИЈА

Науката којашто професионално се занимава со изучување на војната како општествен феномен т.е. со нејзините причини и последици се нарекува полемологија. Јас не сум стучњак во таа област. Но, суштината на војната како појава во општествената реалност професионално ја проучувам како социолог. И социолозите и филозофите кои се занимаваат со социјални проблеми, природно насекаде посочуваат на осмислена војна. Но, во нашево време војната добила таков вид и такво социјално значење, што повлекувањето реска граница меѓу социолошкиот и полемолошкиот приод практично е едвај возможно. И полемологијата сѐ почесто при разгледувањето на стручни воени проблеми се осврнува кон социолошко-општествените аспекти на војната, така што јас како социолог сметам дека сум во право што ќе ви говорам на тема војна.

III.ЕВОЛУЦИЈА НА ВОЈНАТА

Војната, која всушност е ѝ историска појава, исто така е подведена под законот на еволуцијата. Во тој план соединувам три светски војни [во XX и почетокот на XXI век]:

а) Првата светска војна (1914– 1918) се водела внатре во западниот свет т.е. меѓу земјите на западната цивилизација. Читаме дека таа се водела за прераспределба на интересните сфери на влијание и експлоатација. Ова тврдење можеби е издржано, но држи место и нешто друго, подлабоко, а тоа е борбата за доминација на западниот свет врз целокупната историја на човештвото.

Западниот свет бил социјално истороден и немал конкуренти во неговото еволуирање. Како резултат, на крајот на оваа војна, се појавил таков конкурент на Западот, олицетворен во лицето на рускиот,поточно советскиот, комунизам.


б) Втората светска војна (1939– 1945) била измешана т.е. хибридна
војна. Од еден аспект можеби била слична на Првата светска војна, бидејќи се водела внатре меѓу државите од западниот свет, но од друг аспект таа била војна на целиот Запад против советскиот комунизам – како еволуционистички конкурент на вестернизацијата. Сепак како краен резултат на војната комунизмот зајакна, се распространи ширум светот со претензии за воспоставување на светско господство.


в) Веднаш по завршувањето на Втората светска војна започна интеграцијата на западниот свет и неговата отворена борба против
светскиот комунизам. Почна Студената војна меѓу Западот, на чело
со САД – од една страна и Истокот, на чело со СССР, заедно со земјите на социјалистичкиот блок – од другастрана. Таа прерасна во нова светска војна, односно војна од нов тип.


IV.НОВАТА СВЕТСКА ВОЈНА


Општоприфатеното сфаќање на војната е дека таа е борба на вооружените сили на државите во којашто се користат специјални
средства за уништување на живата сила на противникот (луѓето) и уривање на градбите (објектите).

Но, искуството и праксата од втората половина на XX век внесоа извесни корективи во класичното поимање на војната. Во текот на околу половина век се водеше борба на земјите на западниот свет – на чело со САД, против земјите на комунистичкиот блок – на чело со Советскиот Сојуз. Таа го доби називот „Студена војна“. Во таа борба американската армија ниту еднаш не стапна на територијата на СССР. Не пукаа пушки, не фрчеа бомби и воопшто не се користеа оние средства на војната во првобитната, претходноспомената смисла. За постигнување на воено-политички цели се искористија, впрочем многу ефективно, т.н. невоени средства, а пред сѐ: политичките притисоци, информационите диверзии, спекулации на хуманитарните проблеми, работата на специјалните разузнавачки служби и несправедливата дипломатија т.е. лукавата дипломатска офанзива). На Советскиот Сујуз му беше нанесена неправедна штета, која беше многу поголема и пострашна од онаа со војната против Германија (1941–1945).Нема потреба да се говори за загубите на руската страна, бидејќи тие се општопознати.

Покрај тоа вооружените сили во таа војна играа огромна, но засебна и одвоена улога – како потенцијално орудие или средство на самата борба. Без нив таа борба би била незамислива. Оттука, употребата на терминот „војна“ во однос на оваа борба, којшто трајно навлезе во тогашната терминологија и во публикациите од тој историски период, може да се смета за потполно оправдана.


Да додадам уште и тоа дека со завршувањето на Студената војна борбата против Русија сѐ уште не престана туку, напротив, таа продолжи и премина во нов стадиум – кој јас го нарекувам „Топла војна“. Кај оваа војна, на средствата на т.н. Студена војна се надоврзуваат и средствата на војната во првичната т.е. класична смисла на зборот, со што се добива една навистина врела или т.н. усвитена / жешка војна, а исто така се користат и дополнителни или нови средства (како на пример: диверзантските операции од огромни размери, првенствено во политичката и економската сфера). „Топлата војна“ почна да се распростира и на други региони ширум нашава планета – Ирак, Балканскиот полуостров и сл. Тоа е сосем доволна основа да се увериме дека човештвото веќе стапило во епохата на новата глобална војна, односно војна од нов тип.

За прецизно и точно ја окарактеризираме неа, потребни нѝ се темелни истражувања. Јас ќе ви напоменам само некои нејзини црти, кои беа типични за периодот на „Студената војна“ и коишто останаа мошне јасно да се дооформуваат во мигот кога настапува епохата на „Топлата војна“. Мислам дека тие попримаат универзален развиток со започнувањето на XXI век. И сосема е веројатно дека компонентите на „усвитената војна“ ќе се засилуваат, како што врочем се виде и од агресијата на НАТО и САД врз Србија.

V.ЕВОЛУЦИОНЕН ПРЕЛОМ

При оценувањето на секоја војна нужно е да се утврди кој учествува во неа т.е. меѓу кого таа се води; какви се целите на учесниците; со какви средства се води и каков е текот на целата војна – стратегијата и тактиката. А за да овие карактеристики ги утврдиме во веќе започнатата „војна од нов тип“, потребна е научна анализа на пресвртот во еволуцијата, којшто произлезе во втората половина на XX век. Социологијата како наука за општеството, суштината на овој пресврт ја лоцира, во прв ред, во преодот на човештвото од епоха на општество во епоха на надопштество, а потоа и во трансформацијата на историскиот процес од стихиен и неуправуван во проектиран, управуван и контролиран.

Продолжува во наредни делови.

Превземено од: https://www.academia.edu/3110124/АЛЕКСАНДАРЗИНОВЈЕВГЛОБАЛИЗАЦИЈАТАкакоВојнаодновтиппревододруски_?email_work_card=view-paper