Марк Твен (1835-1910)

Хебрејско женско техничко училиште Темпл Емануел, САД, 20 јануари 1901.

Американскиот писател и хуморист Семјуел Ленгхорн Клеменс, познат како Марк Твен според сведочењето на Фокнер е таткото на американската книжевност”. По враќањето од Европа, во 1901 година тој станал заменик-претседател на Американската антиимперијалистичка лига, истапувајќи против анексијата на Филипините од страна на САД. За оваа организација напишал десетици политички памфлети и говори. Меѓу другото, бил силен поддржувач на борбата за женски права, како и активист за нивно право на глас. Неговиот „Глас за жените”, се смета за еден од најпознатите говори во историјата. Така гласи и своевремениот слоган кој бил дел од една широка кампања. Во својот настап повикувал на жените да им се даде целосна слобода во изборниот процес и предвидел дека во следните 25 години тоа и ќе се случи. Ова го потврдил специјалниот амандман поднесен во американскиот Конгрес во 1919, а поддржан од страна на сите сојузни држави во 1920.

Дами и господа, мала е помошта која можам да ви ја понудам, но тоа е таква помош која се дава од сè срце и се преточува во зборови. Извештајот на господинот Мејер е за восхит, јас бев заинтересиран за него исто колку и вие. Двапати сум постар од него и имам толку искуство што, кога ќе побара помош, ќе му кажам: „Не оставај ја работата за денес или за утре, туку собери пари на лице место.”

Сите ние сме луѓе кои се водат од ненадејни импулси. Како да не движи пареа. Натерајте ги да ги напишат своите тестаменти сега, за да не биде доцна. Педесет или дваесет години порано имав искуство кое никогаш нема да го заборавам. Влегов во црква преполна со запурничав и препотен народ. Општинскиот мисионер од нашиот град, Хартфорд , упати трогателен повик за помош. Раскажуваше за личните искуства помеѓу сиромашните во подруми и поткровја, луѓе кои барале искрена посветеност и помош. Сиромашните се секогаш добри кон сиромашните. Кога човек што има милиони ќе даде сто илјади долари,

околу тоа се крева голема фама во светот, но него не му недостигаат, тој што дава од својата немаштија, дава повеќе од сите.

Се сеќавам на една пригода кога во црквата во Хартфорд се соби раа прилози. Обраќањето толку ме трогна што едвај чекав шапката и чинијата да дојдат кон мене. Имав четиристотини долари во џебот и нетрпелив бев да ги спуштам во чинијата а сакав да позајмам уште. Но, на чинијата и требаше толку долго време за да стигне, што огнот на доброволноста веќе се гаснеше, се гаснеше со брзина од сто долари во минута. Чинијата стигна предоцна. Кога конечно дојде до мене, мојот ентузијазам толку беше згаснал, што ги чував моите четиристотини долари, па дури и украдов десет центи од чинијата. Гледате, чекањето понекогаш доведува до злодело. Честопати размислував за тоа и зажалив, затоа и ве советувам да давате кога го имате огнот на енту зијазмот.

Во однос на доменот на жените во животот, би рекол дека жената е секогаш во право. Цели дваесет и пет години јас сум застапник за правата на жените. Секогаш верував, уште долго пред смртта на мојата мајка, дека со нејзините бели коси и со восхитувачкиот интелект, дека можеби знае исто колку и јас. Можеби знаеше исто толку за гласањето колку и јас.Би сакал да го видам времето кога жените ќе можат да донесуваат закони. Би сакал да го видам тој камшик, таа гласачка кутија, во рацете на жените. Во однос на градската самоуправа, немам многу што да ка- жам, освен тоа дека е срамно навистина е срамно; но, ако поживеам уште дваесет и пет години а нема причина зошто не би го сторил тоа  сметам дека ќе ги видам жените како се справуваат со гласачките кутии. Ако жените денес ги имаа гласачките кутии, работите во овој град немаше да бидат такви. Ако сите жени во овој град денес имаа право на глас, ќе избереа градоначалник на следните избори, ќе се издигнеа.