Пишува: Дарја Мустафаоглу, советничка во општина Ѓорче Петров и кандидатка за пратеник во ИЕ 2 од редовите на политичката партија Левица

Хахаххахаха ДПМНЕ утре во Ѓорче ќе организирале трибина за „Инволвираноста на младите во носењето на одлуки”

Нека кажат на пример дека сѐ уште немаат оформено Локален младински совет (кој е законска обврска на општините), и покрај сите иницијативи и инсистирања на Левица…

Нека кажат на пример дека ја одбија иницијативата на Левица за отворање на младинско катче (читална, библиотека, место за организирање помали настани, дружба на младите и сл.). И тоа не е сѐ – ширеа лажни приказни преку Здружението на пензионери во Ѓорче Петров (каде на чело се наоѓа роднина на еден од раководителите на штабот на ДПМНЕ во Ѓорче), па вреѓања, па ние сме биле против пензионерите и сл. Зошто? Затоа што сме побарале младинско катче!

Нека кажат на пример дека не ја прифатија иницијативата на Левица за млади практиканти во Општината.

Нека кажат на пример каков им е односот спрема мене како најмлада во Советот и како за секој мој аргумент, нивниот контрааргумент е: „Млада си, не знаеш, не си искусна”.

Нека кажат на пример дека денар од Буџетот на Општната немаат потрошено за младите.

Нека кажат дека ниту младите советници од ДПМНЕ немаат слух за проблемите и потребите на младите, па и дрско ги одбиваат сите иницијативи во нивна полза.

Кловнови!