Пишува: Претседателскиот кандидат на Левица, Проф. д-р Билјана Ванковска

Во капитализмот (тражили сте, гледајте) се има цена, па и повредената чест, дури и загубениот сон. А кој го знае тоа најдобро, ако не еден успешен банкар?! Добивме јавна лекција од една запоставена област, која се вика самопочитување, а неа од прва рака ни ја испорача првиот банкар и бивш премиер, Хари Костов. Ни повеќе ни помалку. но навредата и болката што му ја нанесе еден медиум чини цели 100 илјади евра. Не е во духот на лекцијата од самопочитување, ама на мнозина би ни паднал мрак пред очи, па би прифатиле и да бндеме медиумски исплукани, само оштетата да биде така слатка. Штета што дури сега сфативме колку чувствителен и деликатен човек сме имале за премиер.

Додуша насетивме нешто кога онака достоинствено си замина од функцијата поради неподносливата корупција во сопствената влада. Да беше некое мажиште и да не губеше сон така лесно, немаше да поднесе оставка без, притоа, да приреди огномет и натера и некои други да си ги соберат парталите. ЈТекцијата покажа уште еден интересен аспект: никогаш не би помислила дека меднцината во Македонија огишла голку напред! Вештаци- ве не само што можат да се заколнат кога пациентите им спијат, а кога не. туку дури и на писмено потврдуваат дека биле длабоко морални личности. Се прашувам што не го патентираат изумот? Замислете бизнис: даваме тапија за чесност и моралност! Баш би требало да ‘упали’ сега пред избори… Туку, да престанам јас со чуствителниве типови да не ми стегнат некоја тужба за навреда…

Kонечно, кој ни е крив нам, на обичните смртници, кога не знаеме да се почитуваме себе си, и особено да си го вреднуваме загубениот сон (да не речам, живот)?! Никој! Сами дозволивме да не третираат како чергичиња, како бројки, како овци, ама не како личности. Репертоарот на строги погледи и навредливи зборови на некои министри не е за потценување – имаше безброј можности некој сериозно да се навреди. Тоа можат да го по- сведочат сите земјоделци, синдикалци, внатрешно-раселени или стечајци што беа на преговори во Владата. А да не сме мазохисти? Ене, Дураку ем предизвика хуманитарна катастрофа во Куманово во 2001-та. ем сега со наши пари си патува по светот како министер. Го испративме во Мексико – навистина, странски јазик не знае, ама е стручњак за темата (водното богатство и неговата заштита). Оди после објасни му некому надвор дека има- ме проблем со постконфликтно помирување. Немаме! Бидејќи, ние не само што простуваме, туку и ги испраќаме на релаксација заедно со секретарките. Ах. пак јас и мојот долг јазик… И овој може тужба да ми стегне и секретарката му…

Видете го само последниот циркус со стечајците… Си поиграа со нивната мака, кобајаги донесоа закон, а потоа “пу-пу не важи, нема пари”! А од каде ли ќе најдеа пари во буџетот ако случајно Уставниот суд останеше заспан (како во изминативе години) и не го поништеше законот за пратенички привилегии? Нејсе. сепак, останува нејасно дали народниве пратеници ги фаќа сон по мајтапењето со овие луѓе, кои дури почнаа и да умираат пред ТВ камери… А ие е дека се тотално нечувствителни! Кога ќе им стапнеш на плускавец (т.е. привилегија) стануваат бунтовни и емотивни, па и на штрајк повикуваат! Но, ретки се оние што страдаат од инсомнија. Да беше така, досега ќе им видевме подочници, бледи лица, отсутни погледи. Ама. нема шанси! Кога зборуваат за европската иднина, сјаат во лицата. Не смеат да дозволат да ги мачи несоница во време кога треба да се сонува и биде визионер!

Затоа сме ние тука сон да не не фаќа… Бдееме и дење и ноќе, бдееме над мирниот сон на нашите лидери. Ете, ако треба, ние нема да спиеме, ама тие да се во форма. Па и зошто да спиеме кога ионака не сме се премориле… Зарем работа сме фатиле? Додека ние се излежуваме во тешка ладовина и безделничење. тие работат за нас. Кој не работи, нема право ни да јаде ни да спие!
Нашава општа инсомнија потсетува на сцените од Маркесовите сто години самотија. Се сеќавате: жителите на Макондо се жртва на чудна заразна болест, која не само што носи несоница, туку и постепен тотален заборав за се околу себе, вклучувајќи ги и најблиските и најобичните предмети. Македонија како Макондо?! Чудна е оваа општа несоница: ем сон не не фаќа, ем никако да се разбудиме!?

Колумната преземена од: Есеи за демократијата и мирот