Вечерва во 19:00 часот по повод Меѓународниот ден на младите, партискиот подмладок на Левица, Црвена Младина, одржа виртуелна панел дискусија на која учествуваа левичарски партиски подмладоци од Норвешка, Ирска, Италија и Романија.

По тој повод тие на социјалните мрежи напишаа:

„Честит 12 Август, Меѓународен ден на младите!

Денес го славиме денот на младите, денот на револуцијата, енергијата и борбата! Ние, младите, сме моторот на промените и најсилната сила против неправдите во светот. Во време кога империјалистите се обидуваат да ги угушат нашите гласови, да ни го одземат правото на иднината, ние велиме: Доста е!

Младите се тие кои низ историјата секогаш биле на првата линија на борбата за слобода, еднаквост и правда. Ниту еден режим, ниту една империја не може да ја спречи нашата волја за подобар свет. Нашиот глас е моќен, нашата акција е решителна!

Да се организираме, да се бориме против империјализмот, капитализмот и сите облици на експлоатација! Младите имаат одговорност и моќ да ја водат оваа битка. Ние сме носители на новиот свет, свет на солидарност и правда!

На крајот, сепак ние ќе победиме!“

Преносот од целата виртуелна панел дискусија можете да го најдете тука: