Говор на носителот на кандидатската листа за пратеници на Левица во Изборна Единица 4, м-р Сашко Јанчев. Тој даде акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои ја доведоа Македонија во ситуација да повеќе го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија!
„Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата! Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена! Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. Со Заев и после него, СДС се претвори во историски најанти-македонската организација која некогаш постоела!
Секоја партија која го гази интересот на својот народ за интерес на амбасадите на крајот завршува отфрлена и од амбасадите и од својот народ. СДС се лижеа на амбасадите, а сега истите тие амбасади им го формираа ЗНАМ за да ги преполови!“