Фејзбук статус на советникот во општина Богданци и кандидат за пратеник во Изборна Единица 4 на политичката партија Левица, Михаил Тодоров
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
Така ќе рече Делчев пред 125 години, ќе тргне од куќа до куќа и ќе ја пренесе идеата дека можно е да се ослободиме од окупаторите, дека борбата против османлиите нема да биде лесна и против сите оние кои зинале да ја приграбат Македонија.
Самоосвестувањето на македонецот дека може да има сопствена држава ќе трае години и години за да се подигне националната свест дека Македонија е можно да се ослободи од прангите на окупаторите.
Илинденците и партизаните се бореa против надворешните окупатори а ние денес сме кираџии во сопствената држава и тоа мора да престане, на тоа мора да се стави крај.
Окупаторите денес се финансиерите на најголемите политички партии и овие новоосвестените македонци кои до вчера се бореа за промена на вековното име ни име.
Нема вам почитувани граѓани слободата да ви ја донесат оние кои освен костим друго не облекле на себе. Оние кои се инфилтрирани и поставени само како шаховски пиони кои ќе бидат користени за нови законски решенија на штета на работниците, на штета на земјоделците …
Тие се оние кои си делат тендери, се богатат, а ние сме тие кои чесно го заработуваат својот леб, кои плаќаат даноци чесно и поштено а кои се граѓани од втор ред.
Затоа на 8-ми МАЈ РАЗМИСЛЕТЕ ТРЕЗВЕНО!
Дали ќе берете грозје за 8 денари, ќе работите за минималец, нема да ви следува одмор, ќе имате договор на дело и после 3 години работен стаж, ќе стигнете во болница и ќе нема термин, ќе ви биде барано мито за лекување, ќе ви биде баран глас за вашето дете да биде примено во градинка, ќе лечиме деца со СМС пораки, ќе кажуваме чао на најблиските кои ќе заминат низ белиот свет, ќе гледаме како нашите родни краеви умираат полека но сигурно ИЛИ ЌЕ СЕ ПРИДРУЖИТЕ КОН РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ, ИСКРЕНА БОРБА ЗА СИТЕ НАС КОИ ОСТАНАВМЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
Погледнете околу вас и видете до кај не доведоа, повеќе не е потребно да зборувам.
Одважете се и гласајте за РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ!
( Да не биде после не ја бива оваа, не може никој да не оправи, МОЖЕ И ИМА КОЈ)