Веројатно претставува една од најзначајните личности на македонското ослободително дело од крајот на XIX век и почетокот на XX век. Истакнат македонски револуционер, војвода, организатор, идејник и агитатор на Тајната македонско – одринска револуционерна организација (ТМОРО). Можеби најпрецизно би се опишал како претставник на македонската народна интелигенција и авангарда на своето време, чија определба била изведувањето на „морална и политичка револуција”. Ги поминал сите развојни фази од обчен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб.
Тој е личност со рано всадена и постојано култивирана свест за високите вредности на човековото достоинство. Се покажал како мошне способен агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекувањето на народот и ширењето и зацврстувањето на организациската мрежа во селата. Но и најзаслужниот за проширување и организирање на Илинденското востание во Серско.
Покрај директните соработки во организирањето со Г. Делчев, #Сандански се чини дека е најнепосредниот и најревносниот негов следбеник, имајќи ги предвид залагањата за принципите на раководење на Организацијата. Бил верен на револуционерниот концепт за ослободување на Македонија, а од Пиринскиот крај направил тврдина на антиврховистичката борба и браник за спречување на големобугарските и сан-стефански идеи.
Денес, по повод неговата смрт, Делегацијата на #Левица составена од Членовите на Президиумот Реџеп Исмаил и Александар Симонов, заедно со советничката во Општина Аеродром Сања Несторовска-Лазарова, положија свежо цвеќе пред споменикот на Царот Пирински.
Слава му! – стои во соопштението на Политичката партија Левица.