Денес, активистите на Левица во Охрид поставија табла на нелегалниот објект на бизнисменот од ДУИ, Нефи Усеини. Оваа герила акција го симболизира МОЛКОТ на институциите на локално и централно ниво пред дивеењето на Усеини. Со уништувањето на овој културен објект во Охрид, кој ја симболизира антифашистичката борба, се потврди немоќта на СДС и ДПМНЕ пред насилието на ДУИ!
На оваа локација се наоѓаше препознатливата бела куќа, во која на 26 и 27 ноември 1941 година беа осудени неколкумина истакнати антифашисти со смртна казна и казна затвор. Оваа куќа требаше да биде реконструирана, но, за жал, е целосно збришана. Иако во август 2023 година, градежен инспектор донесе РЕШЕНИЕ за отстранување на нелегалната доизградба на објектот, работите на терен продолжија.
На денешната прес-конференција, советничката од Левица – Виолета АВРАМОСКА посочи дека до пред неколку недели постоеше спомен – плоча од НОБ, сведок на почетокот на антифашистичката борба на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор.
,,Газда Нефи се дрзна да ја искрши и отстрани спомен – плочата. Овде Нефи го сруши АСНОМ. И покрај бурните реакции на охриѓани, до денес ниту Општина Охрид, ниту градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, не излегоа со реакција за осуда на овој вандалски чин.
Дали тоа значи дека Нефи Ик ја отстрани спомен – плочата од НОБ со одобрување на неговиот тендер – партнер? Кому и зошто во Охрид му пречи антифашистичката борба на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор?
Зошто во Охрид е отстранета и последната спомен – плоча од НОБ? Од оваа локација ги повикуваме сите одговорни институции под итно да ја вратат спомен – плочата од НОБ на македонскиот народ!” – истакна Аврамоска.