Владата на Република Македонија соопшти дека, согласно преспанскиот договор ќе мораме да направиме промена на нашата химна, односно од „Денес над Македонија се раѓа“ во „Денес над Северна Македонија се раѓа“.
Владиното соопштение во го пренесуваме во целост:
Промената на химната е дел севкупниот процес на стратешките евроатлански определби на нашата земја, што е резултат на Преспанскиот договор со Република Грција како и Договорот за добрососедство со Република Македонија. Согласно спроведувањето на Преспанскиот договор, државата Република Северна Македонија, ќе мора да ја промени својата химна во „Денес над Северна Македонија се раѓа“ која ќе одразува новите идентитетски и културни аспекти на земјата.
Согласно промената на името, ќе се менува и текстот на химната, односно наместо:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Новата химна ќе биде:
Денес над Северна Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Северно македонците се борат,
за своите правдини!
Северно македонците се борат,
за своите правдини!
Промената на химната никако не задира во идентитетот на граѓаните на Републиката и е нужна за да го продолжиме нашиот европски пат, зацртан уште од Гоце Делчев и Питу Гули.
АПРИЛИЛИЛИ Текстот е сатира по повод 1ви Април, меѓународниот ден на шегата.