Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родени. Ваква одлука денеска донесе Уставниот суд. Кон крајот на минатата година, Уставниот суд со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“, а со денешната одлука целосно ја укина оваа графа.
Впишување националност го воведе министерот за правда Кренар Лога кој во мај минатата година објави упатство за матичните служби врз основа на Закон од 1995 година кој беше оспорен од партијата Левица. Минатата година Уставниот суд времено ја стопираше примената на упатството на Лога, но немаше мнозинство за да ја донесе одлуката.
Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека спротивно на уставот за слободно изразување