Основниот суд Кавадарци отвори стечајна постапка за ,,Еуроникел индустри”. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Стечајниот судија Елизабета Петковска утврди дека постојат услови за отворање стечај над гигантот за произведство на фероникел.
Стечајниот предлог го поднесоа една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработени во фабриката како доверители, кои тврдат дека сметката на поранешно „Фени“ е блокирана 45 дена и ја има потребната стечајна маса за раздолжување.
Беше утврдено дека за 2022 година компанијата има вкупни побарувања од 5.748.924.154. денари, а 4.823.845.233 денари како обврски.
„Еуроникел индустри“ нема недвижен имот. Има возила, залихи роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централен магацин, покажа презентираната анализа на досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска од Прилеп
На 670 вработени им се должат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари. Отворената стечајна постапка.треба да покаже кој се му должи на кавадаречкиот извозник.