Делегација на палестинското движење Хамас, предводена од шефот на Бирото за меѓународни односи, Муса Абу Марзук, во Москва се сретна со пратеникот на рускиот претседател за Блискиот Исток и африканските земји, заменик министерот за надворешни работи.
„Разговаравме за начините за постигнување примирје во Појасот Газа со цел да се запре агресијата врз палестинскиот народ“, се вели во соопштението. Хамас го објасни својот став во однос на затворениците кои ги држат единиците на отпорот.
Во соопштението се истакнува дека „делегацијата на Хамас ги цени дипломатските напори на Русија, како и официјалната и јавната хуманитарна помош обезбедена за палестинскиот народ во Појасот Газа“.
Делегацијата на Хамас нагласи дека „криминалните дејствија на окупациските власти против Палестинците претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“. Претставниците на движењето „го потврдија правото на палестинскиот народ на слобода и враќање во своите домови, како и отпорот кон нелегалната окупација со сите расположливи средства“, се вели во соопштението.