Градежниот гигант Гранит Ад Скопје е една од најпознатите општествени фирми во поранешна СФРЈ која учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес но свои градежни активности извршуваше и во Либија, Ирак, Кувајт, Алжир, Русија. По осамостојувањето е приватизирана на крајно сомнителен начин исто како сите други општествени фирми (државни компании) во тоа време.
Во Општина Делчево оваа фирма ги извршуваше сите поголеми инфраструктурни проекти и беше „миленик“ на сите партии кои беа на власт (СДС-ДПМНЕ) од 1991 година па се до денес, но поради неисплатено побарување од 2005/06 година оваа компанија со судско решение ја блокира општината за долг од над 2 500 000 евра со што Општина Делчево и сите нејзини граѓани стануваат должници на криминалното владеење на локалните власти
Оваа градежна компанија на крајно сомнителен, фиктивен начин врши продажба на сопствени деловни простории по нереална цена далеку пониска од пазарната со што го оштетува буџетот не само на Општина Делчево туку и буџетот на Р.Македонија во МИЛИОНСКИ СУМИ. На криминален начин и со амин од локалните власти од 2014-2020 година (сдс-дпмне) НЕЗАКОНСКИ ЛЕГАЛИЗИРА и ВРШИ ПРОДАЖБА на ЗАСОЛНИШТЕ-СКРИВНИЦА која е во сопственост на станарите на две соседни згради и законски неможе да биде предмет на продажба!!! Истата оваа компанија го „продаде“ хотелот на Попова Шапка на фирма загубар со еден вработен на чие име беше опожареното Ауди што го управувал Артан Груби пред да го добие тендерот за комплетирање на автопатската делница кон Блаце
Резултатот од ваквиот 3 децениски криминал на поединци, фирми, носители на јавни функции и немањето правда, половина од населението не само во Општина Делчево скоро во сите места во Македонија е иселено, но и голем дел од оние кои останаа се на работ на егзистенцијата – Се вели во соопштението на ЛО Делчево при политичката партија Левица.