Русија и ИР Иран потпишаа договор вреден 44 милијарди долари за развој на фосилни горива

0
1173

Руската Федерација и ИР Иран потпишаа договор вреден 44 милијарди долари за развој на 8 нови наоѓалишта на фосилни горива соопшти министерот за нафта на ИР Иран Џавад Оуџи.

„Потпишавме договор за разбирање со Русија во вредност од 4 милијарди долари за развој на полиња, како и договор за изградба на гасоводи и капацитети за производство на течен природен гас (ТПГ) во износ од 40 милијарди долари“ изјави министерот за нафта Џавад Оуџи.

Русија во најскоро време ќе започне со изведба на проектите за развој на 6 нови наоѓалишта на нафта во ИР Иран. Дополнително ќе се работи и уште на две наоѓачишта за гас во оваа земја.

За време на преговорите околу овие договори, страните разговарале и за работата на развојот на гасните полиња кои се наоѓаат во Каспиското Море. Постои веројатност, идните договори за енергетска соработка помеѓу овие две земји да бите токму во овој регион.