Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да се испразни стационарот и да се вдомат овие кучиња кои најчесто биле одминувани, малтретирани или пак напуштени од газдите.

„Имаме повеќе од 40 кучиња, секое уникатно на свој начин и без исклучок со огромна желба за љубов и дом.Заедно со вашата помош во наредниот период да се посветиме да ја испразниме Лајка. Заедно со вас да им помогнеме на овие кучиња да го најдат човекот што трпеливо го чекаат со месеци, години и да го наречат свој!“, велат од ЈП Лајка.

Јавното претпријатие преку видео кампања ќе се обиде да ја развие свеста кај граѓаните да вдомат куче од „Лајка“.

„ЈП Лајка заедно со Борче Начев, Нала и M&M Pets hotel ги руши стереотипите затоа што знаеме дека секое едно куче може да биде најдобар миленик на свој начин и заедно го промовираме вдомувањето како хуман, одговорен и сочуствителен избор“, велат од претпријатието.

https://youtube.com/watch?v=7zZ9ssYenrw%3Fsi%3DnLMeYkIaz2l7UNwb