Во САД во серија се случуваат пропаѓања на неколку големи банки. Имени, минатата недела, First Republic Bank стана третата банка која пропадна, Ова втор по големина банкарски неуспех во историјата на САД по Washington Mutual, кој пропадна во 2008 година среде финансиската криза.
Со колапсот на три регионални банки од март, и уште една на работ, дали Америка наскоро ќе доживее домино ефект во банкротите, прашува USA Today. Додека пак реномираниот Блумберг, објави дека PacWest Bancorp со седиште во Сан Франциско размислува за продажба, што може да создаде нов бран на паника во банкарскиот сектор.
По колапсот на Силиконската долина банка (SVB) и Signature Bank во март, студијата за кревкоста на американскиот банкарски систем покажа дека уште 186 банки се изложени на ризик од неуспех дури и ако само половина од нивните штедачи решат да ги повлечат своите средства.
Во случајот на SVB со седиште во Санта Клара, која го чуваше најголемиот дел од својот имот во американски државни обврзници, пазарната вредност на нејзините обврзници падна кога каматните стапки почнаа да растат. Времето се совпадна со финансиските тешкотии со кои се соочија многу клиенти на банките – главно технолошки стартапи – што ги принудија да ги повлечат своите депозити.
Ваков феномен бележат и банките на Европа. Европејците се повеќе си ги повлекуваат штедните влогови.
Во Велика Британија, клиентите на NatWest повлекоа 11,1 милијарди фунти во првите три месеци од оваа година. Во Германија, податоците на Бундесбанката покажале дека депозитите на населението паднале за речиси осум отсто во споредба со претходната година. Дојче банк, најголемата банка во земјата, делумно го препиша сопствениот пад од 4,7 отсто во првиот квартал на стравувањата од ширење на банкарската криза што започна во САД и Швајцарија.
Кризите на американскиот комерцијален недвижен имот и на американскиот пазар на обврзници се судрија со неосигурани депозити од 9 трилиони долари во американскиот банкарски систем, што половина од американските банки ги прави несолвентни!
„Тоа е страшно. Илјадници банки се под вода“, вели професоротод Универзитетот Стенфорд, Амит Серу. „Да не се преправаме дека станува збор само за банката на Силиконската долина и Првата Република. Голем дел од американскиот банкарски систем е потенцијално несолвентен“, заклучува тој.
Целосниот шок од монетарното затегнување од страна на ФЕД допрва треба да удри по системот. Големиот обем на долгови се соочува со карпа за рефинансирање во следните шест квартали. Само тогаш ќе дознаеме дали финансискиот систем на САД може безбедно да го намали вишокот потпора предизвикан од екстремниот монетарен стимул направен во минатото.
Извештајот на институцијата Хувер од проф Серу и група банкарски експерти пресметува дека повеќе од 2.315 американски банки моментално имаат средства вредни помалку од нивните обврски. Пазарната вредност на нивните кредитни портфолија е 2 трилиони долари пониска од наведената книговодствена вредност.
Ужасната вистина е дека светската суперсилна централна банка направи таков хаос во работите што мора да избере помеѓу два отрови: или ќе капитулира пред инфлацијата; или ќе дозволи банкарската криза да достигне системски размери. Засега, извесно е дека ФЕД, ја има избрано банкарската криза.