Дедемократизација на граѓанственоста (втор дел)

За се ова да има смисла, треба да се вратиме до од Маршал инспирираната дијагноза од пред 25 години, што орбитираше околу аргументот дека војната против социјалната држава беше предводена од неолибералниот обид да се ослободи слободниот пазар и нерегулираниот капитализам и да се форсира повлекувањето на државата. Ова беше дијагнозата што се потклекна на „алхемија на погрешно препознавање“, по која идеалниот режим на слободниот пазар фундаментализам е погрешен за  вистински институционален аранжман и присилни закони околу кои модерниот капитализам е организиран (Somers 2018).

Постојат три димензии на погрешното препознавање. Во првата инстанца, се појави економија која со децении беше вградена од Њу дил по воената социјална граѓанственост сега беше расклопена од силите на капиталот, дозволувајќи капитализмот и слободниот пазар да се вратат во нивната нормална состојба на нерегулирана класна нееднаквост. Погрешното препознавање е и често и разбирливо: Неолиберализмот со децении напредуваше под знамето на дерегулативниот идеал, како што подеднакво измамнички правеше во врвот на laissez – faire. Но не повеќе од  laissez – faire, неолиберализмот никогаш не се залагал за пазар ослободен од моќта, туку е проект што распоредува политичко и легално инжињерство да го преобликува и реконструира пазарот преку забрзувајќи ја моќта на монополот, водење на  преговарачката моќ подалеку од работниците, и изолирачки спротив партиципаторските права на граѓанството – се со намена да се редистрибуира богатството и приходот кон високите класи и да се етаблира политичка моќ.

Карактеристичните црти на идеалното погрешно препознавање е дека се ова е правенмо додека не убедуваат дека последователните малдистрибутивни исходи се резултат на слободниот пазар, Распоредување на политичко инжињерство да се реорганизира економијата преку запленување и пренаменување на закони и државна моќ под маската на враќањето кон слободниот пазар (италик на авторот) е типичен успех на неолиберализмот (Сомерс 2018, 2021).

Второ, откако препознаеме дека слободата на пазарот од политичката моќ е моќна перформативна фикција во зборовите на Поланји (1957) економијата е секогаш институционализирања, никогаш „расклопена“ или ослободена од моќ – критичкото прашање е дали тие моќи и принуди ќе бидат демократски или авторитарни. Од самиот почеток, пазарното општество секогаш се стремело кон тоа да биде ослободено од демократијата. (италик на авторот). Тој стремеж беше бутнат назат од страна на релативно егалитарниот интерегнум на социјална граѓанственост, самата продукт и агент на експандирачка граѓанственост, во времетрање на која голем број на социјални права беа реализирани преку изненадувачки ефикасни политики на прогресивен данок. Тие беа продукт на проширените политички права и похрабра граѓанственост, што е многу очигледно во ретроспектива. Но во 1980тите и 1990тите , омразна неолиберална реторига не беше дедемократизацијата, mandatedавторитаризам и десно ориентиран популизам туку на „културата на зависност“, во потребата да се приватизираат јавни добра и социјални услуги преку масивно намалување на трошоците, и од ослободување од социјалната помош која „поттикнувала“ мрзливи “социјални кралици“. Беше тешко да се распознае дека оваа позната Реган/Тачер реторика претставуваше длабок позив за укинување на правата.

Третиот аспект на погрешното препознавање се состои во не препознавање на степенот до кој нападот на неолиберализмот врз социјалната граѓанственост распределуи убедлива морална економија – една што посочуваше директно кон императивот на дедемократизација. Да се осигура, демонизацијата на сиромаштијата и намерата да се казнат „невредните“ и „незаслужните“ на дисципниата на пазарот сигналира дека претставувале препознатливо морализирачки проект. Но тие биле прецепирани како алатки во маркетизацијата неповрзана со конзервативната концепција на правдата. Идејата на морална економија е , преку контраст, резервирана за критичарите на неолиберализмот – сентиментална и смртоносна делузија дека моралноста  носи со себе ексклузивно прогресивно лежиште (Somers 2021).

Со оглед на  малициозноста, беше тешко да се забележи дека оттргнување на „незаслужните“ од социјална помош претставуваше есенцијален дел на моралната економија на пазарна правда што „бараше“ политичко исклучување на тие што се сметаа за закана за пророкуваниот ред. Со оглед на долготрајните социјални и политички исклучувања на кои примателите на социјална помош беа жртви, неолибералната морална економија може да се каже дека ги комбиинира нанови начини старите форми на расен апартхејд си политичко економски стратегии да се направат одредени класи на Американци, нелегитимни членови на општеството

Овие три пропозиции заедно даваат  алтернативна дијагноза на моменталната криза: Откако ќе препознаеме дека неолибералната економија не е составена од „дерегулирани“ сили на слободниот пазар туку сили дебели со политичко институционални моќи и присилни легални механисми, додека идеалистичко е вградена во морална економија на пазарна правда, тогаш можеме да го забележиме неолибералниот напад  врз социјалната држава  како „потпален“ од страна на наводната морална потреба да се блокира демократската граѓанственост од преземање контроа врз тие моќи и механиизми. Тоа ги постави темелите за денешниот отворен напад врз демократската граѓанственост.

Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&

Преведено од: Кристијан Димков

Последно