Фејзбук статус на синдикалецот Кристина Ампева
Донесени се првите одлуки по приватните фирми дека ќе си работат во среда за денот на изборите. И никој не може да ги спречи бидејќи согласно закон и колективен договор се знае кои се неработни денови. И не може на влада во 5 до 12 да и текне дека ќе прекинува работен процес во приватни фирми затоа што ќе има избори а со закон не е друго пропишано.
Останува проблем што воспитно образовните институции нема да работат, односно ни градинките ни училиштата, што ќе претставува проблем за родителите на мали деца.
Ќе имаме консултации со надлежните институции но ги повикувам работодавачите конечно да имаат разбирање за своите вработени кои имаат мали деца.
Сите кои се членови во нашиот синдикат ќе си имаат бесплатна правна помош. Ќе имаме наскоро известување за надминување на овој проблем.