Промена за пресметките во имотните листови при купување стан
Ако до сега во имотен лист покрај квадратурата се пишуваа и земјиштето под зградата и заедничките простории тоа веќе не е така. Според новиот правилник секој имотен лист посебно ќе треба да се плати. Значи, намесно за еден лист 1250 денари сега за трите листа ќе треба да се платат 3750 денари. Тоа не е сѐ. За купување гаража би требало да платите уште еден лист, односно уште дополнителни 1250 денари.
Поскапуваат и геодетите
Од 15-ти февруари веќе владата даде согласност за поскапувања и истиот стапи на сила. Според новиот тарифник кој го објави агенцијата за катастар и геодетите не отстапуваат од овие поскапувања.
Сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5250 денари, а бришење на предбележување услугата ќе изнесува 2625 денари.
На што се должат поскапувањата?
Останува прашањето на што се должат поскапувањата. Првиот човек на катастар не одговорил на повиците на Сител. Во изјава за медиумската информативна агенција рекол дека ова се должи на поскапувањата за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите што според граѓаните е неприфатливо. Поскапувања до 300 отсто заради вакви причини се сепак преголема цена.
Граѓаните гневни, комората со објаснување за поскпаувањата
На социјалните мрежи граѓаните се гневни на ваквите промени и поскапувања. Од друга страна пак, се јавува Комората на геодетски друштва кои уште од лани во декември побараа да се донесе новиот тарифник. Владата на 30-ти јануари го донесе новиот тарифник, а стапи на сила од 15 февруари, односно од пред 5 дена.
Од АКН објаснуваат дека последниот тарифник е донесен во 2014-та година, па оттука се правдаваат дека овие цени се должат на „реалните трошоци“.
Преземено од: Lider.com.mk