Движење за социјална правда

Ноемвриските тези – за илузиите на ревизионистите и реформаторите

index

Критиката на политиките кои заговараат еднаквост и правичност, покрај другите, има и една исклучително важна карактеристика, а тоа е демаскирање на популистиките намери на оние кои тие политики ги обелоденуваат. Во насока на критичкиот пристап кон сето она што не опкружува, па и кон самите себе, односно самокритиката, еве еден аргументиран текст во врска со програмата 1:12 која беше ставена на референдумско прашање во Швајцарија и имаше за цел намалување на класната раслоеност и подобрување на правичната распределба на капиталот. 

Неуспехот на швајцарскиот референдум популарно наречен 1:12, за ограничување на платите на извршните директори во Швајцарија, како една од мерките на реформаторите (во овој случај швајцарските социјалисти), за намалување на социо-економскиот јаз и неправедната распределба на богатството, неизбежно со себе повлекува неколку заклучоци, кои уште претходно се наѕираа од неуспесите на претходни слични предложени реформи:

1. Неспособноста на демократските институции, дури и оние на непосредната демократија (како што е референдумот) да бидат носители и средство на реформаторите кон поегалитарно и поправедно општество, кое се разликува и е алтернатива на денешниот капитализам. Погледнете само како 65 % од оние кои излегоа на гласање, гласаа ПРОТИВ самите себеси т.е. против правилото за во една компанија да не може да се зголемуваат платите на директорите, доколку пропорционално не се зголемат и платите на останатите работници во сооднос 1:12; 

2. Стана повеќе од јасно дека идејата на социјал-демократите и демократските социјалисти, и останатите опортунисти кои сметаат дека можна е коренита промена на капиталистичките односи по пат на реформи и низ каналите на демократските институции, е чиста илузија и невозможна мисија; 

3. Постои еден парадокс кои ревизионистите како Бернштајн, Кауцки и останатите го превидоа. Тоа е моментот кога мнозинството гласа во полза на бенефитот на 1%, а не за подобрување на сопствената позиција. Дали огромната медиумска пропаганда и имплицитно заплашување, или пак можеби длабоко вкоренатиот компетитивен дух и гаењето на илузијата дека секој може да го постигне „врвот” и да зема плати кои се 260 пати поголеми од оние на останатите работници во истата компанија, се причината за тоа, не е целосно сигурно; 

4. „Капитализмот со човечко лице”, идеја која беше обострано прифатена од конзервативците и од социјал-демократите е само илузија и обид да се отргне фокусот од длабоки и суштински промени и решавање на проблемите кои земаат се поголем замав, особено во Европа, како што се огромната невработеност, сиромаштијата и се поголемо класно раслојување; 

5. Дебатите за абортусот, хомосексуалните бракови, еутаназијата, правата на животните, еколошките проблеми и сл. се само обид за отргнување на фокусот од дебатата за вистинските прашања и проблеми како што се:

а) Крајно нерамномерната распределба на богатството, која во никој случај не ги отсликува разликите во способностите на луѓето, туку е често резултат на среќа и останати фактори кои ги диктира пазарот;

б) Огромната растечка невработеност, особено помеѓу младите. Бројките во Шпанија, Португалија, Грција, Италија и во Југоисточна Европа се застрашувачки, повеќе од 50% млади се невработени;

в) Намалување на вредноста на слободата (во капиталистичко општество, слободата има реална вредност само доколку имаш финансиски средства да можеш да уживаш во неа. Ако немаш, тогаш таа за тебе е само илузија и нема никаква вредност);

г) Небезбедноста, зголемената агресивност, насилства и психолошки растројства кои се резултат на зголемената нееднаквост и начинот на живот лишен од значење; 

6. Демо-христијанската (конзервативната) идеологија е во длабок внатрешен конфликт, којшто се обидува да се занемари или заобиколи внатре во конзервативните партии. Така од една страна вредностите како семејство, солидарност, взаемно помагање, сочувство и соработка се во директен судир со пазарните вредности на компетитивност, натпревар, алчност и себичност. Некои обиди за надминување, како на пример од страна на CDU и CSU во Германија, се само фасада и илузија дека е решен тој конфликт. Во најголема мера, поставувањето на тоа прашање е само по себе страшно и е занемарено од сите десничарски партии; 

7. Потребна е одржлива политичка програма која ќе нуди реална алтернатива на капиталистичкото општество, но ќе ги надмине проблемите и замките на комунизмот, кој целосно се изопачи, особено во Северна Кореја, и донесе тоталитаризам од најлош вид, каде целосно беше укината слободата во секој нејзин аспект;

8. Таква искрена и автентична политичка програма и алтернатива не можеме да очекуваме од професорите и од „експертите” (економисти), кои еден дел се во функција на големиот капитал, а друг дел е потонат во комфорот, удобната позиција и во безначајните дебати кои ги спомнав претходно. Прочитајте ги само книгите на Фридман, Хаек или Мизес, најголемите проповедници на неолиберализмот. Таму на еден умешен начин сите нивни аргументи и ставови се затскриени зад барањето на поголема слобода. Но каква е таа слобода, која нема вредност? „Демократијата и капитализмот”, велат тие, „одат рака под рака”. Епа видете ја Кина денес господа. „Пазарната слобода е предуслов за политичка слобода”, пишува на едно друго место. Да но можеби за 1% од најбогатите, кои ги спонзорираат политичките кампањи; 

9. И за крај заклучокот кој неминовно произлегува од претходните точки е она што најмногу ме плаши. Така неможноста системот да се смени по мирен пат и по пат на реформи и постепена ревизија, неизбежно имплицира на заклучокот дека само по насилен и револуционерен пат тие коренити промени се можни. До тогаш ќе живееме во постојана криза, со постојан вештачки недостиг на ресурси, зголемување на невработеноста, на сиромаштијата и на класните разлики. Се разбира, ќе постојат обиди од добронамерниците, како некои партии и лидери, да го ублажат сето тоа, но тоа ќе биде само ставање на вистинските проблемите под тепих. А знаеме што се случува кога премногу проблеми ќе се соберат под „тепих”.

 

Автор на текстот: Благој Гелевски

0
img

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!