Интервју со Милица Давчева – студентите ги очекува бурна академска година

Милица Давчева е активист на организацијата Студентски Отпор, студент по социологија на Филозофскиот Факултет при УКИМ и општествено активна млада личност. Пред почетокот на новата академска година имавме задоволство да поразговараме со неа за дел од староновите предизвици со кои студентите ќе се соочат во месеците што следат.

Пред некое време вашата организација излезе со критичен став кон промените кои ги спрема МОН во однос на Студентскиот Субвенциониран Оброк. Што конкретно е проблемот со староновиот закон за ССО?

М.Д: Најголемиот проблем за нас студентите претставува новиот начин на кој се предвидени да се исплаќаат средствата на дневно ниво. Тој начин го сметаме како многу нефункционален, бидејќи сме поучени од праксата на МОН, каде што се доцнеше со недели и месеци минатата година и скептични сме дали би се доцнело и на дневно ниво? Ограничени сме во однос на тоа што доколку не ги искористиме средствата тој ден не ни се префрлаат за следниот односно, ни пропаѓаат. 

Исто така предвидените средства ќе се префрлаат на картички, а околу кампусот на УКИМ не постојат угосителски објекти кои работат со терминали за картички.

Нашето барање е средствата да се исплаќаат на неделно или месечно ниво. Во енормна инфлација и во оваа голема економска криза која и се случи на Македонија, бараме покачување на ССО, бидејќи со предвидените 140 денари на ден, студентот не може да си овозможи здрав и квалитетен оброк.

Знаеме минатата година во јавноста произлегоа слики и видеа од ужасните услови во студентските домови што предизвикаа масовни студентски протести и ветувања од МОН дека реновирањето на студентските домови ќе започне на почетокот од 2023 година. Дали и реновирањето започнато и дали се подобрени условите во студентските домови?

М.Д: Ситуацијата во студентските домови воопшто не е променета. Иако Владата на Република Македонија и Министерството за Образование и Наука ветија дека ќе се започне со санација, реконструкција и реновирање на студентските домови тоа не го гледаме во пракса. Студентите за жал и оваа академска година повторно ќе бидат изложени на влага, мувла, студ, санитарни чворови а и закана за потенцијални уринарни инфекции и респираторни болести. Иако за овие три месеци додека бевме на одмор можеше да се отпочне некаква реконструкција на домовите, тоа не се случи. Сметам дека е срамно до кое ниво и во кои услови преживуваат идните академски граѓани на нашата земја.

Вашата организација има актуелизирано многу други проблеми со кои се соочуваат студентите во Македонија како: скриени трошоци кои значително ги зголемуваат трошоците за студирање, легална корупција во која студентите се приморани да купуваат оригинални книги од професори за да добијат потпис и да можат да полагаат, укинувањето на стипендиите за втор циклус студии и слично. Дали сте наишле на слух кај надлежните институции за овие проблеми и дали барем дел од овие големи проблеми се решени ?

М.Д: Ниту еден проблем од наведените досега не е решен. Исто така ние како движење Студентски Отпор, немаме добено покана од МОН да учествуваме во креирањето на политиките за студентите или пак на заедничка маса да седнеме и да разговараме кои се нашите проблеми и барања. Но ве урерувам дека доколку и оваа година не се наиде на никаков слух и интерес од страна на надлежните ние ќе ги заинтересираме и ќе се погрижиме да не слушнат со многу порадикални мерки. Бидејќи Студентски Отпор е организација која е цело време мобилизирана, имаме претставници од повеќе факултети ширум нашата држава. Будно ја следиме ситуацијата и сме поучени на различните тактики на пружање отпор, секако доколку не наидеме на разбирање и слух.

Како што знаеме функционерите годинава си ги покачија своите примања за 78%, дали ова ги револтира студентите и дали сметате дека е потребно покачување на стипендиите/ССО како последица на ова?

М.Д: Секако дека е потребно покачување. Зошто на нас студентите не ни даваат никаков мотив и поттик да останеме тука во нашата татковина. Знаете ли само колку квалификуван и образован кадар замина оттука, поради тоа што не е ценет и наградуван неговиот труд. Како што напоменав и погоре се наоѓаме во голема економска криза и висока инфлација, цените на прехрамбените продукти вртоглаво растат, следствено на тоа покачени се и цените во угостителските објекти. Срамно е и жално што Владата на Р.М и МОН си дозволија да говориме за 140 денари на ден кога нивните и претходно високи плати си ги покачија за 78%.

Последно