Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Грција: Новиот договор – разочарување и казна за изборот „не“ на народот
(Напишано од комунистичката тенденција на Сириза, понеделник, 13 јули, 2015)
Да се организира масовен отпор против хунтата – составена од Тројката, олигархијата и капиталистичката влада – да се спречи верификувањето на договорот во парламентот.
Што треба да прават членовите на Сириза и на Левата платформа?
Меморандумскиот договор кој го потпиша премиерот на ЕУ самитот утрово и кој вклучува сериозни ограничувања, нови нивоа на превисоко оданочување на луѓето, пошто – зашто приватизации и кратења на платите и пензиите – не е ништо друго туку разочарување и предавање пред барањата на Тројката. Исто така, тој е казна за народот поради неговиот храбар, класно втемелен глас „не“ (на референдумот минатата недела).
Владата и водството на Сириза капитулираа. Ама работниот народ и младина нема да го сторат истото. Најзначајна задача во моментов е да се создаде масовно револуционерно „не“ движење на работничката класа со цел да се спречи прифаќањето на новиот меморандум од страна на парламентот и да се порази парламентарната хунта на „национално единство“. повеќе…
2015
ГРЦИЈА – ТУРЦИЈА
ДАЛИ ВЕТРОТ ДУВА И ВО ЛЕВИЧАРСКИТЕ ЕДРА НА КУРДИТЕ?
Победата на СИРИЗА на последните избори во Грција не ја потресе само Европската Унија, туку и други земји во Егејот. Додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу со стиснати заби му честиташе на Алексис Ципрас, провладините турски весници побрзаа да ја информираат јавноста за “опасноста” од една таква можна власт во Турција. Победата на СИРИЗА, исто така, предизвика бран на ентузијазам меѓу социјалистичките секуларисти и левите либерали, кои вообичаено се разединети, посветени во обидот да го олабават стисокот на се’ поавторитарната власт на АКП, со надеж да формираат демократско и секуларно движење инспирирано од изборите во Грција, што пак би можело да доведе до радикални промени не само западно, туку и источно од Атина.
Дали Грција преку демократските избори, би можела да биде за Турција тоа што беше Тунис за Египет со масовните протести во 2011? повеќе…
2015
Не за коалицијата на Сириза со Независни Грци – Декларација на Комунистичката тенденција на Сириза
Овој документ е официјалниот став на Комунистичката тенденција – СИРИЗА (најрадикална малцинска марксистичка група во рамки на партијата) којa настапува со отворен критицизам кон коалицирањето на СИРИЗА со десните популисти од Независни Грци, потег критикуван од страна на револуционерната левица како погрешен и поткопувачки за класно ориентираните позиции. ДСП Ленка за цело ова време дава критичка поддршка кон СИРИЗА, па затоа нашата редакција го подготви овој превод со цел да го доближи ставот на револуцинерната левица кон прашањето.
Здружувањето со Независни Грци е кобна грешка на совест на Сириза. Да не ја пропуштиме оваа историска можност! Мора да има коалиција Сириза – КПГ.
- Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll