Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2017
Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)
Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто беа објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.
- Зошто идејата за глобализација е во криза?
Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…
2013

Ноемвриските тези – за илузиите на ревизионистите и реформаторите
Критиката на политиките кои заговараат еднаквост и правичност, покрај другите, има и една исклучително важна карактеристика, а тоа е демаскирање на популистиките намери на оние кои тие политики ги обелоденуваат. Во насока на критичкиот пристап кон сето она што не опкружува, па и кон самите себе, односно самокритиката, еве еден аргументиран текст во врска со програмата 1:12 која беше ставена на референдумско прашање во Швајцарија и имаше за цел намалување на класната раслоеност и подобрување на правичната распределба на капиталот. повеќе…
2013

Венецуела: Против економската војна – работничка контрола и експропријација на олигархијата
Во последните денови Претседателот Мадуро правилно ја објасни сериозноста на економската војна против Боливарската револуција, поентирајќи дека злосторниците се капиталистите (Fedecamaras, Consecomercio and Venamcham) и објави серија од мерки за борба против нив.
Соопштение на Борба на Класите (Lucha de Clases) – Венецуелската секција на Интернационалната Марксистичка Тенденција
2013
Револуцијата нема да биде филантропизирана!
Ви ја пренесуваме следната кратка анализа со цел да го разгледаме проблемот на хуманизмот и филантропија во рамки на денешните капиталистички односи. Имено, познато е она восхитување во нашата јавност од “добродушноста“ на одредени капиталисти чии филантропски потфати предизвикуваат воодушевување кај дел од луѓето поради нивниот наводен придонес за совладување на аномалиите на нееднаквост. Оваа кратка анализа ќе покаже дека на овој начин доста свесно и плански се лечат само симптомите, додека прашањето на главната болест се турка под тепих.
2013
Отворена дискусија: Дали капитализмот е во криза?
Денес се повеќе се слуша фразата дека капитализмот е во криза и дека се бараат алтернативи. Но дали е тоа навистина така? Дали кризата во капитализмот е и криза на капитализмот? Што значат кризите во капитализмот?
Ова се само дел од отворените прашања кои ќе ги обработиме на нашата дискусија.
Време: 20:00 h, 20.08.2013
Место: Ла Кања – Стара Скопска чаршија
2013
Државата и капитализмот: Критика на економијата на јавните добра
Ви го претставуваме економскиот труд на Драган Драча насловен како “Државата и капитализмот: Критика на економијата на јавните добра“. Трудот иако напишан пред 10-ина години, со својата универзалност и прецизност одлично го дисекцира капитализмот и неговите две доминантни лица (кејнсијанско и либертаријанско) и претставува добар теоретски увид кој би им служел на сите заинтересирани за економската критика на капитализмот.
-
Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото.
Мари Букчин
Екологија на слобода