Движење за социјална правда

За нас

Движењето за социјална правда – Ленка претставува група луѓе кои се противат на капитализмот, национализамот, милитаризамот, клерикализамот и конзервативизамот во нашата држава и кои делуваат во насока на унапредување на основните принципи за кои што се залагаат: социјална правда, солидарност, слобода и рамноправност.

На 28 јули 2008 година поголемиот дел од поединците кои што стоеја зад повеќе иницијативи и акции го формираа Движењето за социјална правда – Ленка.

Социјалната правда во називот на групата е одраз на заедничката определба на нејзините членови за втемелување на општеството врз социјална праведност, а додавката „Ленка“ е од песната на Кочо Рацин, во која се посочува на последиците од непостоењето социјална правда во едно општество, дополнително тоа име е и во функција на борбата против мачоизмот, кој е карактеристичен не само за овие балкански простори, така и често и за многу левичарски кругови.

 

Главни активности на организацијата:

Движењето за социјална правда – Ленка е главно активна во сферите на социјална правда, антинационализам и антимилитаризам:

а)    Социјална правда. Во текот на 2010 организиравме неколку активности во врска со работничките права како дел од проектот финансиран од фондацијата Роза Луксембург: студија за намалувањето на легалните права на работниците во Р. Македонија со наслов Обезвреднување на трудот, како и неколку дискусии и проекции на филмови. Потоа беа изработени и уште две студии во соработка со истата фондација, Штрајк – искуства и состојби, Работнички спорови – позитивни примери од судската пракса. Орагнизиравме и протести за подобрување на работничките права за 1-ви мај во 2009, 2010, 2011, 2013. Исто така, поднесовме десетици иницијативи до Уставен суд на Р. Македонија во врска со неуставните регулативи во законите за трудот.

б)    Антимилитаризам. Организиравме три протести против членството на Македонија во НАТО и против НАТО како воена организација (во 2008, 2009, 2010). Во Јануари 2009, организиравме трибина против насилството во појасот Газа (Палестина), под името „Стоп на насилството во Газа“. Веќе од минатата година сме активни и на прашањето за повлекувањето на војниците на Р. Македонија од окупацијата во Авганистан, притоа организиравме и два протеста, трибини и прес-конференции.

в)    Антинационализам. Од мај 2008 имаме одлична соработка со организациите од Грција кои се спротивставуваат на национализмот и организиравме многу заеднички трибини, и во Македонија и во Грција, во насока на борбата против национализмот во девете земји. Во декември 2008, беше организиран протест за солидарност со протестите во Грција кои се случија поради убиството на младиот Александрос од страна на полицијата во Грција.

г)   Антикапитализам. Во септември 2011 беше организирана Антикапиталистичка конференција во која учество зедоа антикапиталисти од Македонија и Грција.


д)    Студентските права. Во јуни 2008, се одржаа серија на трибини во државните факултети во Скопје за укинување на задолжителното плаќање за студирање. Се организираше и трибина против комерцијализацијата на образованието во ноември 2008. После формирањето на независното студентско движење „Слободен индекс“, Д.С.П. – Ленка со задоволство отстапи од првите борбени редови во борбата за правата на студентите, но продолжува понатаму да го поддржува Слободен индекс.


ѓ)    Правата на жените. Во јануари и февруари 2009, Д.С.П. – Ленка започна, заедно со други организации, кампања против наметнувањето на нов закон за намалување на правото за абортус.

Борбата продолжува!

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!