Движење за социјална правда

ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ

ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ1

Работничкиот интернационален крик беше „работниците немаат таковина“, односно помеѓу поединецот и човештвото не стојат националните граници туку капиталот. Ова секојдневно се потврдува, особнено, во денешнава ера на глобализирање на капитализмот. Па доследноста до марксистичкиот метод, тоест, историско_материјалистичкиот поглед на стварноста, не упатува да нешто слично кажеме и во насока на обесправеноста на женскиот пол во ова патријархално опкружување. Имено, тоа би било дека на патот кон еманципацијата на жената пред се стои нејзината материјална беда и несигурност одколку било каков правен акт.

повеќе…

Каде започнува револуцијата-очајно потребна?

Некогаш, кога жолтите луѓе биле од друга планета, светот бил поделен на бели и црни луѓе. Белите биле поделени на класи, а сите тие биле поделени на мажи и жени. И тогаш, при крајот на 19 век, белите жени од средната класа решиле да пушат цигари на улиците. Решиле да работат за машка плата. Решиле да се решат од сексизмот. Ги стиснале тупаниците и решиле да се борат за своите женски права. Да се омажат за кого сакаат, да раѓаат ако сакаат и колку сакаат. Да спијат до пладне, да носат машки чевли, да купуваат и купуваат, да и’ се одмаздат на инквизицијата со тоа што ќе пцујат и проколнуваат и ќе пијат и спијат со кого и кога сакаат. Да добиваат од ружи до машини за перење со сигурност бар еден ден од годината. Да бидат рамноправни со мажите, а сепак, како што еднаш рече Мерлин Монро, да можат да бидат жени во овој машки свет.

повеќе…

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!