Движење за социјална правда

ДСП – ЛЕНКА се приклучува на протестот против интернет цензурата

internet-cenzura

 

По повик на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ќе го затемне својот сајт во рок од 24 часа, започнувајќи вечерва на полноќ.

“Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера со новиот закон доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите”, се вели во повикот на ССНМ.

Интернетот мора да остане надвор од државна контрола бидејќи тој е единствен извор на слободно информирање на народот надвор од контролираните канали на мејнстрим медиумите. Никоја власт не смее да го ускратува тоа право преку „регулација“ односно цензура на интернет просторот под било која основа! Исто така никој човек не смее да биде приморан да бара дозвола за присутност во интернет просторот и за слободно дистрибуирање на информации на интернет! (чл. 54 од предлог-законот)

СООПШТЕНИЕ – Трибина на тема: Зошто да не се преспие ПРВИ МАЈ?

935647_713915615755_1370908060_n

Во понеделник, 29-ти април 2013, со почеток во 19:00, во Чаршиската библиотека (Libraria e Çarshisë) во Скопје, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ ќе организираат трибина посветена на тековната состојба со работничките права и на синдикатите, кои нив треба да ги штитат.

Најголемиот дел од македонските синдикати се окупирани од страна на бирократски раководства кои соучествуваат со политичките елити во кратењето и кршењето на работничките права. Повеќе заинтересирани за своите фотелји отколку за правата на работниците, тие многу малку придонесуваат за подобрување на работничките права. Затоа состојбата со правата на работниците кај нас е катастрофална. Наспроти објаснувањата на синдикалните лидери дека социјалниот дијалог дава резултат, тој само се користи за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто за работниците. Ретките подобрувања на работничките права се придружени со доста посуштински кратења на истите и многу често остануваат само празни зборови на хартија. Исто така, ретките подобрувања не можат да го сокријат фактот дека многу работнички права остануваат намалени и укинати.

Говорници на трибината ќе бидат: Здравко Савески (ЛД Солидарност) и Димитар Апасиев (ДСП Ленка), а модератор Дејан Лутовски (ДСП Ленка). Трибината е во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со протест на Први Мај во Скопје.

*Чаршиската библиотека (Libraria e Çarshisë) се наоѓа на влезот на Старата скопска чаршија, од страната на споменикот Скендер Бег, после скаличките од десна страна.

Клучни зборови:
0
img

Соопштение: Акција пред АВРМ

solidarnost-logolenka-logo

АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА
НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА

 

Во петок, 26 април 2013, со почеток во 12:30 часот – во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба – Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ ќе одржат акција пред Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ – Дирекција во Капиштец) со цел да се анимираат невработените лица  да излезат на претстојниот Првомајски протест.

Воедно со овој протестен собир сакаме да ја потсетиме јавноста и за флагрантното непочитување на Одлуката на Уставниот суд на РМ со која, како противуставна, веќе еднаш беше соборена фамозната „пререгистрација“ на невработените лица која законодавецот повторно ја врати во сила.

Соопштение до јавноста

 до нашите сограѓани, читатели и вербални поддржувачи

По повод сѐ поголемиот број пристигнати мејлови, кои секојдневно ги добиваме преку нашата веб-страница или фејсбук-профил, а кои содржат апели за помош или повикувања на реакција во врска со голем број социјални неправди сторени кон нашите сограѓани – Движењето за социјална правда ЛЕНКА би сакало да ја извести јавноста дека очекувањата што некои наши вербални поддржувачи ги имаат од нас се преголеми и „месијански“ и истите не соодветствуваат со реалните материјални и кадровски капацитети на Организацијата.

повеќе…

Клучни зборови:
2
img

Соопштение по повод укинувањето на пререгистрацијата на невработените

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја известува јавноста дека Уставниот суд на РМ ја усвои нашата претставка со која оспоривме дел од новините во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (2008).

Уставниот суд, постапувајќи по нашата иницијатива, одлучи да ја укине оваа непотребна „пререгистрација“ на невработените кои беа должни да се пријавуваат во Фондот за здравствено осигурување на Македонија и да поднесуваат Изјава за остварени семејни приходи, врз основа на којашто се стекнуваа со статусот осигуреници и добиваа сини картони. Тие во иднина нема да треба да поднесуваат вакви противуставни изјави до надлежните органи. Судот, прифаќајќи ги во целост правните аргументи на ДСП – ЛЕНКА, заклучи дека „востановената обврска значи повреда на уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на РМ.

Клучни зборови:
0
img

Соопштение до медиуми по повод нарушувањето на слободата на протестирање

Згрозени сме од бесрамноста на одредени организации и поединци кои се осмелија на најподмолен начин да забранат еден автентичен народен протест, протест за достоинствен живот на секој граѓанин и подобрување на животниот стандард – протест против поскапувањата. Она што се случи на минатиот протест на граѓанската иницијатива „АМАН“ во саботата на 3.11.2012 покажува дека ситуацијата во нашата земја е алармантна. Слободата на изразување револт против неправдите, слободата на протест е сериозно загрозена, и секој кој се обидува да го артикулира своето незадоволство и бунт, се соочува со притисоци и закани по живот и благосостојба, а и по безбедноста на неговите или нејзините најблиски. Најостро ги осудуваме овие обиди за заплашувања и закани кон активистите на „АМАН“ и нивните најблиски, но и кон било кој граѓанин на оваа земја и цврсто ќе застанеме во одбрана на една од основните слободи и методи на борба против нееднаквоста – правото на протест. По тој повод, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА најавува дека и оваа сабота, 10.11.2012, како и досега, ќе присуствува на протестот против поскапувањата, кој овој пат ќе биде исто така и протест за зачувување на правото на протестирање. Ги повикуваме сите свесни и совесни граѓани да излезат на протестот и заедно да покажеме дека народот нема да подлегне на притисоците и ќе истрае во борбата за праведно и хумано општество. Движење за социјална правда

– ЛЕНКА 9. ноември 2012

lenka.dsp (@) gmail com

Клучни зборови:
0
img
Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!