Движење за социјална правда

Соопштение

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

по повод едномесечните протести против поскапувањата

АМАН е автентичен изблик на народниот револт!

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја известува македонската јавност дека ја дава својата безрезервна поддршка на едномесечните протести организирани од граѓанската иницијатива АМАН – насочени против константните поскапувања на енергенсите и рапидното опаѓање на животниот стандард на нашите сограѓани.

За нас барањата на АМАН се целосно легитимни, оправдани и изводливи. Затоа јавно ги повикуваме сите свесни и совесни граѓани, пензионери и родители, работници и невработени, студенти и останати активисти да ни се приклучат и со своето лично присуство, секој вторник во 18:00 часот пред Порта „Македонија“, да придонесат кон омасовување на овој изблик на автентичен граѓански револт против екстра-профитите на претставниците на „енергетската мафија“.

ДСП „ЛЕНКА“ информира дека во оваа правична и демократска борба против неолибералистичкиот економски модел кој стимулира претерано богатство за едни, и претерана сиромаштија за други – ги става на располагање на АМАН сите свои човечки и мaтеријални ресурси со кои располага, а сѐ со единствена цел: заеднички да го спречиме алчното богатење на корпорациите на сметка на осиромашувањето на народот!

Истовремено ДСП „ЛЕНКА“, како бранител на правата на непривилегираните, отворено го повикува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика да си поднесе неотповиклива оставка – како личен чин на морална и политичка одговорност за ова што ни се случува.

„ЛЕНКА“ во иднина ќе ги преземе сите правни и вонправни мерки кои стојат на располагање, вклучувајчи и методи на директна акција и законска граѓанска иницијатива, заради застанување на патот на овој нехуман процес на поскапувања кој најдиректно ги погодува токму најсиромашните слоеви од населението.

Движење за социјална правда – ЛЕНКА

10.IX.2012 – Скопје

lenka.dsp (@) gmail.com

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!