Движење за социјална правда

8. март – Меѓународен Ден На Работните Жени

1

 

 

8. март се одбележува како ден на сеќавање на бунтот на работничките од текстилната индустија од 1857 година во Њујорк. Притиснати од лошите работни услови и уште полоши плати, излегуваат на улиците каде што ги дочека “демократскиот” пендрек на насилните државни органи на САД. Сепак овие жени не се откажале, и покрај притисокот, два месеци подоцна основаат синдикат.

 

Борбата на работничката класа има богата историја, којашто е херојска барем толку колку што е и крвава. Во таа борба жените секогаш се истакнувале со своето херојство, борејќи се рамо до рамо со своите машки колеги, неретко и предводејќи ги, сфаќајки дека борбата за општочовечката еманципација на работникот е единствениот начин да се постигне и еманципација на жената, која претставува неодвоив дел од таа општочовечка еманципација. повеќе…

Анализа на новиот закон за стечајци

закон за стечајци

 

„ДОШЈА НОЖ ДО КОСКУ!“ – ИМА ЛИ СПАС ЗА СТЕЧАЈЦИТЕ ?

Новиот закон за стечајци, или во точниот назив Закон за материјално обезбедување на невработените лица од државните фирми, е тенденциозно прикажан како закон со кој ќе се решат сите проблеми на стечајците, најбитно од се’ нивната егзистенција. Рамката на овој закон со новите измени е проширена и наместо периодот 2000-2004 година, тој ќе важи за сите оние кои останале без работа во периодот 2000-2013 година. Основната забелешка на УНИТ-Организација на стечајни работници е дека со овој закон противуставно се врши поделба меѓу стечајците, имено оние кои ја изгубиле својата работа по 2000-та година имаат право на обештетување, додека за постарите стечајци се’ уште нема решение. Не е јасно по кој критериум се прави оваа поделба, но според некоја здраворазумска логика, државата сака да ги заштеди јавните пари(секако за продуктивното вложување во споменици и слични градби со кои се зајакнува и преиспитува националното чувство, каде би се канализирал социјалниот гнев) и притоа да купи привремен социјален мир.

повеќе…

Месец на социјална правда и работничка борба

Месец на социјална правда и работничка борба

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ повторно најавуваат Месец на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со два протести, во Скопје и Куманово!

повеќе…

Писмо на вработените во СЈ Компани – во чии раце се правата на работниците?

Писмово во продолжение стигна на нашата адреса. Го објавуваме во целост:

Почитувана јавност,

Сакаме да ве информираме, а воедно и некој што може да ни помогне, во чија надлежност е заштитата на правата на работниците во Република Македонија. Имено, ние сме вработени во СЈ Компани. Додека беше McDonald’s – редовно се исплаќаше плата и сите придонеси, секогаш фер однос кон работникот. повеќе…

[Видео] Работнички права – загарантирана или ограничена слобода?

Владеење на правото – Основно право или привилегија

Работнички права

video-rabprava

 

Дали човекот се раѓа како слободна личност или како личност со одредени права препишани од страна на државата? Се раѓа со загарантирана или со ограничена слобода? И зошто се толку важни работничките права и борбата за нив во едно вакво време кога работничката експлоатација станува “легална”?

Погледне го документарниот филм на Сашка Цветковска (автор) и Борјан Јовановски (продуцент) “Работнички права”, во кој се обработува токму таа тема – постепеното укинување на работничките права и манипулирањето со едно од најважните од нив – правото на штрајк, смртни случаи и повреди на работно место за кои никој не одговара, како и човечкиот фактор, независен од каков било закон во заштита на работниците: нехуман третман на работникот.

Во филмот може да се слушнат и личните искуства на неколку работници чии права биле прекршени, а со тоа и загрозени нивните животи, како и нивните искуства при борбата за социјална правда.

Провокатори на народот

Водачи слепи и безумни!
Па вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате!

Исус од Назарет (Евангелие по Матеј: XXIII, 24)

Поводот за оваа колумна, која е продолжение на низата мои текстови насочени против правниот [нео]позитивизам кој се предава на нашите факултет0 и се применува во нашите судници, ми е потресната вест што беше објавена пред некое време, а се однесуваше на укинувањето на социјалната помош на семејството на нашиот сограѓанин Сабедин Неби од с. Долно Лисиче кое, преку нивниот малолетен син примило 1.400 денари „непријавен приход“!? Се чини дека ова, кај оние кои сѐ уште останаа со здрав разум, навистина ја прели чашата. Згора на сѐ, сега ова сиромашно семејство е задолжено да враќа и пари кои, божем незаконски, ги примило во текот на целата измината година – а доколку не ги врати, ќе ја изгуби и скромната куќа во која живее, затоа што на врата ќе им затропаат извршителските џелати.

повеќе…

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!