Движење за социјална правда

Манифест: Кон една слободна и револуционерна уметност

Несомнено е дека се чувствува кризата во политичкиот простор на нашава република и пошироко. Но, тоа не е само политичка криза, туку повеќе е рефлексија на економската оскудност во оваа фаза на капитализмот на глобално ниво. Политичката криза пак секојдневно гледаме како се рефлектира и на општеството, а тука е и уметноста која е доведена до нејзината најперверзна улога во одбрана на статус квото. Затоа редакцијата на ДСП-Ленка одлучи да го пренесе овој исклучително важен текст за улогата на уметноста во ослободувањето на општетсвото, како и важноста на социјализмот за создавање на потполно слободна уметност.

 

fotoБез никакво претерување можеме да кажеме дека цивилизацијата, како никогаш до сега, е под сериозна и опасна закана. Вандалите, со нивните варварски средства кои споредбено беа и неефикасни, ја уништија античката култура која се наоѓаше во еден агол на Европа. Но, денес ние ја гледаме светската цивилизација, обединета во својата историска судбина, како паѓа под ударите на реакционерните сили вооружени со целиот арсенал на модерната технологија. Ние во никој случај не размислуваме единствено само за војната која се приближува. Дури и во време на „мир“ ситуацијата со науката и уметноста постана апсолутно неподнослива.

повеќе…

de-unamuno

ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА „БАСКИСКИОТ СОКРАТ“ – ДОН МИГЕЛ ДЕ УНАМУНО

Говоров е одржан во екот на Франковиот фашистички режим во Шпанија, на 12 октомври 1936 година, на Универзитетот во Саламанка – по што Унамуно (Miguel de Unamuno y Jugo / 1864–1936), како долгогодишен професор по грчка и шпанска литература и тогашен доживотен Ректор на Универзитетот, е ставен во куќен притвор за таму и да почине по нецели два месеца (во декември 1936). На свеченоста во Амфитеатарот, на која присуствуваат голем број поканети гости – меѓу кои и бискупот, гувернерот, госпоѓата Франко и генералот Милан Астрај – последниов, по вообичаениот церемонијал, станува и во својот политички говор ги напаѓа Каталонија и баскиските провинции, кои за него се „рак рана за телото на нацијата“. Во преполниот амфитеатар некој од восхитената толпа ја извикува прочуената генералова девиза: Viva la muerte! („Да живее смртта“!). По ова, неколкумина фалангисти во сини кошули веднаш трескавично салутираат кон закачениот портрет на Франко. Тогаш стариот професор и ректор станува бавно и спокојно и ги изрекува следниве незаборавни зборови:

повеќе…

index

Ноемвриските тези – за илузиите на ревизионистите и реформаторите

Критиката на политиките кои заговараат еднаквост и правичност, покрај другите, има и една исклучително важна карактеристика, а тоа е демаскирање на популистиките намери на оние кои тие политики ги обелоденуваат. Во насока на критичкиот пристап кон сето она што не опкружува, па и кон самите себе, односно самокритиката, еве еден аргументиран текст во врска со програмата 1:12 која беше ставена на референдумско прашање во Швајцарија и имаше за цел намалување на класната раслоеност и подобрување на правичната распределба на капиталот. повеќе…

0
img
Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!