Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Политичките андроиди од градот Стирополис
Ова е говорот на нашиот другар Андреј Јованчевски изречен по повод еден месец од бруталниот напад на македонската полиција врз студентите од Библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Другари и другарки,
Помина еден месец од климаксот на граѓанската огорченост. Помина еден месец од кулминацијата на полициската жестокост. Но битно е да се подвлече дека не беа тоа безлични стихии што се судрија на 5 мај. Пред еден месец учествувавме во најинтимната средба насамосвесните граѓани и политичките андроиди. Интимниот простор и интегритетот на личноста се одамна пенетрирани од владиниот политички и полициски арсенал во оваа земја. Но на 5 мај андроидите се приближија кон идеалот на интимноста на нивниот програмер: преку насилство, тие ги помирисаа потта и крвта на нашите тела под окната на нивниот замок. повеќе…
2015
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Движењето за социјална правда „Ленка“ ја информира јавноста дека нејзини членови ќе учествуваат на големиот граѓански ПРОТЕСТ закажан за недела – 17 мај 2015 год.
Сметаме дека денес, кога благодарение на погубните неолибералистички политики спроведувани во целиот период од независноста, квалитетот на животот на нашите сограѓани станува мизерен – неприкосновено право на граѓаните е слободно да го изразат својот РЕВОЛТ од постојаното осиромашување и зголемувањето на класните разлики, како и од последните криминални корупциски скандали кои ја потресоа македонската јавност.
Цениме дека последните случувања во државава под палката на сегашната власт, проследени со серија апсења на студенти и други граѓани, линчувања, етикетирања, навреди, закани и притисоци за неистомислениците се само поттик повеќе НАРОДОТ да го искаже својот акумулиран гнев и преку протест да прати јасна порака дека не се согласува со актуелните погубни политики и дека му е потребна трета радикално левичарска опција составена од нови неискомпромитирани ликови на политичката сцена.
Особено ги повикуваме работниците и студентите да излезат на овој и на секој следен протест за поддршка на новата автентична левица и конечно, преку сопствен политички опит во праксата, да ги преземат работите во свои раце, задавајќи им смртоносен удар на двете најголеми транзициски политички партии – затоа што, согласно нашата идеологија, СЛОБОДАТА претставува историско дело, а не дело на мислата!
ПОДОБАР СВЕТ Е НЕОПХОДЕН!
ПОДОБАР СВЕТ Е МОЖЕН!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ
ДСП „ЛЕНКА“
15.05.2015
2014

Месец на социјална правда и работничка борба
Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ повторно најавуваат Месец на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со два протести, во Скопје и Куманово!
2013

ПРОТЕСТ ЗА КЕЖАРОВСКИ – РЕВОЛТ ПРЕД ИЗБУВНУВАЊЕ
Како што поминува времето, сè поочигледен станува фактот дека моменталната гарнитура владее отворено авторитарно и има јасни про-фашизоидни тенденции, т.е. работите се движат во тој правец. Сега не би сакал да звучам како оние хистерични и хипстерски либерали кои репетитивно мантраат „Фашизам, диктатура!!!“ без да се потрудат да ја разберат генезата на терминологијата која постојано ја употребуваат, но сепак не можеме да се правиме слепи и да ги игнорираме овие авторитарни скршнувања на владеачките елити во Македонија. повеќе…
- Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter