Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2013
Провокатори на народот
Водачи слепи и безумни!
Па вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате!
Исус од Назарет (Евангелие по Матеј: XXIII, 24)
Поводот за оваа колумна, која е продолжение на низата мои текстови насочени против правниот [нео]позитивизам кој се предава на нашите факултет и се применува во нашите судници, ми е потресната вест што беше објавена пред некое време, а се однесуваше на укинувањето на социјалната помош на семејството на нашиот сограѓанин Сабедин Неби од с. Долно Лисиче кое, преку нивниот малолетен син примило 1.400 денари „непријавен приход“!? Се чини дека ова, кај оние кои сѐ уште останаа со здрав разум, навистина ја прели чашата. Згора на сѐ, сега ова сиромашно семејство е задолжено да враќа и пари кои, божем незаконски, ги примило во текот на целата измината година – а доколку не ги врати, ќе ја изгуби и скромната куќа во која живее, затоа што на врата ќе им затропаат извршителските џелати.
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка