Движење за социјална правда

grin1

Никогаш не можеме да ја повредиме Природата освен ако не делуваме против сопствената добробит

Ти си, о душо, родена од едно посебно стебло. Ти си гранка од тоа стебло. Колку и да е гранката оддалечена од тоа стебло, сепак останува врската и складот меѓу стеблото и гранката. Но, ако нешто се постави меѓу стеблото и гранката, врската и храната се прекинуваат. Тогаш гранката мора да се исуши и да умре. Размисли за тоа, о душо, и во своето битие поверувај дека си предодредена да му се вратиш на твојот Создател. Тој е стеблото од кое растеш. Затоа отфрли ја сета нечистотија и целиот терет на материјалниот свет, за да исчезне се’ што те спречува да се вратиш во својот внатершен возвишен свет, кон своето стебло, кон своето потекло.

Колку добра и колку проклето вистинито-импонирачка размисла на големиот мистик, астролог и алхемичар, Хермес Трисмегистос. Вистинска контемплација за оттргнатоста на човекот од природноста. повеќе…

0
img

Боговите ги заслепуваат оние што сакаат да ги уништат

Охридското Езеро реши да ја искористи поволната за него временска прилика која што му се укажа претходните денови (се разбира неповолна за човекот затоа што тоа за него претставува само невреме и ништо повеќе), та самото си се справи со отпадот со кој полипот наречен несвесно човештво го преполна. Едноставно го исфрли тој отпад на крајбрежјето. Тој полип наречен модерен човек живее на оваа планета како да има некоја друга на која би можел веднаш да отиде доколку се појави некоја опасност по неговата егзистенција. Тој полип го третира Езерото на начин како да има некое друго исто такво езерце, или пак како да е способен да создаде некое друго. Она „ќе бидете како богови“ на Ерих Фром некој погрешно го сфатил. Некој кој не знае дека токму боговите ги заслепуваат оние кои сакаат да ги уништат и да го завземат нивното место! повеќе…

Велес Капут – борба и победа [видео]

1215442765Veles Kaputt za LisicaЕколошкиот документарен филм “Велес Капут” на велешаните Данчо Стефков, Владимир Тевчев и Александар – Сашко Кукулев , на експлицитен начин ја раскажува силната приказна на борбата на еден град за чист воздух и достоинствен живот. Системот познава брутални начини за да ги заштити елитите на сметка на невините луѓе, а последиците од неговото владеење преку работата на топилницата остави длабока трага врз Велес. Отпорот кој со децении се развиваше, на крај кулминира со најголемиот протест во историјата на македонскиот народ. На тој протест гласот го кренаа нешто помеѓу 15000 и 20000 луѓе. Со тој протест обичниот човек почна да го спасува градот. повеќе…

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!