Движење за социјална правда

a079

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [петти дел]

Времето во науката

 [продолжува од четврти дел] Јас не сум научник но знам дека сите нешта започнуваат и завршуваат во вечноста.

Човекот кој падна на Земјата, Волтер Тевис (The Man Who Fell to Earth, Walter Tevis).

Науката, во однос на нашите цели, ни оддалеку не го толкува времето и отуѓувањето со директноста на, да речеме, психологијата. Но науката може да биде употребена за да фрли светлина на темата, благодарение на многуте паралели помеѓу научната теорија и човековите односи.

Според Н.А. Козирев, „времето е најважниот и најмистериозен феномен на природата. Неговото поимање е надвор од дофатот на имагинацијата“. Всушност, некои научници (на пр., Дингл/Dingle, 1966) сметале дека „сите вистински проблеми поврзани со поимот време се независни од физиката“. Науката, а особено физиката, можеби навистина го немаат последниот збор; сепак, тоа е поинаков извор на толкување, иако и самиот отуѓен и генерално индиректен. повеќе…

24MP_John_Zerzan_jp_932628e

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [четврти дел]

Времето во книжевноста

[продолжува од трет дел] Јасно е дека појавувањето на писмото го помогнало зајакнувањето на временскиот концепт и почетокот на историјата. Но, како што истакнува антропологот Гуди (Goody, 1991), „оралните култури често се веќе добро подготвени да ги прифатат овие иновации“. Најпосле, тие веќе се условени од страна на самиот јазик. Меклуан (McLuhan, 1962) истакнува како појавувањето на печатените книги, и масовната писменост, ја зајакнале логиката на линеарното време.

Животот постојано бил принудуван да се адаптира. „Времето сега ме претвори во негов часовник“, запишал Шекспир во Ричард Втори. „Време“, како и “богат”, бил еден од омилените зборови на бардот прогонуван од времето. Сто години подоцна, Робинзон Крусо на Дефо укажа на неможноста од бегство од времето. Изолиран на напуштен остров, Крусо е длабоко загрижен со минувањето на времето; внимателно забележувајќи ги своите активности, дури и во такво опкружување, мислејќи пред сè на следење и забележување на времето, се разбира, дури не го потрошил мастилото. повеќе…

jz3

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [трет дел]

Време за молење, време за работа

[продолжува од втор дел] „Времето никогаш не е целосно присутно“, вели стоикот Хрисип, по што концептот за времето бил понатаму унапредуван од страна на главната јудео-христијанска доктрина за линеарна, неповратна патека помеѓу создавањето и спасението. Овој суштествено историски поглед на времето го претставува вистинското јадро на христијанството; сите основни поими за мерливото, еднонасочно време можат да се најдат во пишувањата на св. Августин од 5 век. Со распространувањето на новата религија, строгото регулирање на времето, на практична основа, било потребно како еден од сегментите во одржување на дисциплината на монашкиот живот. Ѕвоната кои ги повикувале монасите на молитва осумпати дневно, се слушале многу подалеку од ѕидините на манастирот, на тој начин наметнувајќи мерење на временските прописи врз општеството во целина. Според Марк Блок (Marc Bloch, 1940), населението во текот на феудалното доба продолжило да манифестира „значајна рамнодушност кон времето“, но не е случајност што првите јавни часовници ги украсувале катедралите на Запад. Во тој контекст вреди да се спомене фактот дека повиците за молитва во точно определено време станале еден од составните делови на средновековната исламска вера. повеќе…

john-zerzan-0229

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [втор дел]

Времето и симболичкиот свет

[продолжува од прв дел] Според Епикур, времето е „несреќа на сите несреќи“. Меѓутоа, испитувајќи го одблизу, неговата генеза не изгледа толку мистериозна. Всушност, многумина забележале дека поимите како „минато“, „сегашност“ и „иднина“ се повеќе лингвистички отколку реални и физички. Неофројдовскиот теоретичар Лакан (Lacan), на пример, заклучува дека временското искуство во суштина е творба на јазикот. Личност без јазик веројатно би немала чувство за минување на времето. Вилсон (R.A. Wilson, 1980), допирајќи уште повеќе до сржта, сугерира дека јазикот бил инициран од потребата за изразување симболичко време. Госет (Gosseth, 1972) докажува дека системот на времиња во индоевропските јазици се развивал напоредно со свеста за универзално или апстрактно време. Дерида (Derrida, 1982) смета дека времето и јазикот имаат заеднички граници: „да се биде во едното значи да се биде во другото“. Релативно говорејќи, времето е симболичка творба која непосредно претходи на сите останати и која изискува јазик за да може да се оствари. повеќе…

john-zerzan

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [прв дел]

Се чини дека димензиите на времето привлекуваат големо внимание, судејќи според бројот на неодамнешните филмови кои во својот фокус го имаат времето, како Враќање во иднината, Терминатор, Пеги Сју се омажи, итн. Стивен Хокинсовото дело Кратка историја на времето (A Brief History of Time) беше бестселер, а што е уште позачудувачки, стана и популарен филм. Невообичаено, имајќи го предвид бројот на книги кои се занимаваат со времето во споредба со оние кои го немаат во центарот на своето внимание, но кои несомнено го содржат самиот збор во своите наслови, како што е Бојата на времето: Клод Моне (The Color of Time: Cluad Monet) на Вирџинија Спејт (Virginia Spate, 1992). Таквите укажувања имаат врска, иако индиректна, со ненадејното, панично сознание за времето, застрашувачката помисла дека нашето битие е врзано за него. Времето е сè повеќе клучна манифестација на отуѓувањето и понижувањето кои го карактеризираат нашето современо живеење. Целосно го осветлува деформираниот пејзаж, и ќе продолжи уште поостро да го прави тоа сè додека пејзажот и сите сили кои го обликуваат не се променат до непрепознатливост. повеќе…

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!