Движење за социјална правда

Соопштение по повод Предлог-законот за прекин на бременост

ДСП – ЛЕНКА ја поддржува иницијативата за повлекување на Предлог-законот за прекинување на бременоста. Овој Закон ги нарушува основните слободи и права на жената и воопшто на граѓаните на РМ.
moetelo-mojizbor

Членот 41 од Уставот на Р.М. гласи: „Право на човекот е слободно да одлучува за создавање деца“, а на овој начин се кршат не само основните човекови права, туку и самите принципи врз кои е граден Уставот на нашата Република.

Со новите одредби, државата уште еднаш агресивно ја напаѓа автономијата на здравствените установи, деградирајќи го нивниот капацитет. Рестрикционите механизми кои го ограничуваат правото на избор на жената не се базирани на научни истражувања и на медицински докази и сметаме дека нивната задача е да го отежнат и бирократизираат веќе, самиот по себе, емотивно тежок чин за жената која се одлучила на абортус.

Со носењето на овој Закон, се продолжува со безобразната кампања за градење „здрава нација“ и се започнува со спроведување на истата, што може да резултира со ужасни последици по животот на младите жени и судбината на нивните семејства. Постои ризик да се зголеми бројот на оставени деца и нелегални абортуси – а особено за посиромашните сограѓани, кои немаат пари за контрацепција.

Запрашајте се: дали сакаме „етички“ комисии да одлучуваат за нашите тела и нашите животи, „гинеколошки“ ординации во подрумите на болниците, оскатени девојки за кои животот може да прекине уште пред да започне? Или сакаме солидно сексуално образование во училиштата, право на избор и генерации што ќе растат во здрави семејства и во достоинствени социо-економски услови?

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!