Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Грција: Новиот договор – разочарување и казна за изборот „не“ на народот
(Напишано од комунистичката тенденција на Сириза, понеделник, 13 јули, 2015)
Да се организира масовен отпор против хунтата – составена од Тројката, олигархијата и капиталистичката влада – да се спречи верификувањето на договорот во парламентот.
Што треба да прават членовите на Сириза и на Левата платформа?
Меморандумскиот договор кој го потпиша премиерот на ЕУ самитот утрово и кој вклучува сериозни ограничувања, нови нивоа на превисоко оданочување на луѓето, пошто – зашто приватизации и кратења на платите и пензиите – не е ништо друго туку разочарување и предавање пред барањата на Тројката. Исто така, тој е казна за народот поради неговиот храбар, класно втемелен глас „не“ (на референдумот минатата недела).
Владата и водството на Сириза капитулираа. Ама работниот народ и младина нема да го сторат истото. Најзначајна задача во моментов е да се создаде масовно револуционерно „не“ движење на работничката класа со цел да се спречи прифаќањето на новиот меморандум од страна на парламентот и да се порази парламентарната хунта на „национално единство“. повеќе…
2015
Ципрас распиша референдум. Отфрлете го ултиматумот на Тројката. Прекинете со капитализмот.
Автор: Хорхе Мартин
Заедно со текстот од сајтот на Интернационалната марксистичка тенденција, In Defense of Marxism, ја пренесуваме и најновата вест од Грција: Алексис Ципрас спроведе контрола на протокот на капиталот, праќајќи ги банките на одмор на една недела и ограничувајќи го подигнувањето на девизни средства на 60 евра дневно. Секако, ова е само минимална мерка, воведена во последен момент, која сама по себе не може да ги осуети плановите на Европската унија за дестабилизација на грчката влада. Без национализација на финансискиот сектор е невозможно да се спротивстави на притисоците на Тројката.
Грчкиот премиер Ципрас пред неколку часа ѝ се обрати на нацијата преку телевизија и најави дека најновиот ултиматум на Тројката на 5 јули ќе го стави на референдум. Ова значи квалитативно нов стадиум во грчката криза кој може да го ослободи насобраниот гнев на масите против постојаното понижување од страна на Тројката. повеќе…
-
Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени.
Карл Маркс
Тези за Фојербах