Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
Каде се работничките права?
Достоинството е над смртта. Но, каде е достоинството на работникот?
Чикаго, 1886 година – околу 200.000 работници излегуваат да се борат за своите права.
Македонија, 21 век – константно кршење на работничките права.
„ Правилата на глобалната економија треба да бидат насочени кон подобрување на правата, благосостојбаta, безбедноста и можности за луѓето, семејствата и заедниците низ целиот свет . “ – Светската комисија за социјална димензија на глобализацијата, 2004
Живееме во земја каде работничите права се непознати за работникот. Рабоникот е без достоинство, правда, еднаквост, сигурност…Кога Кочо Рацин би бил жив би се срамел од тоа дека се она што пишувал припаѓа токму денес, во ова време и во неговата сопствена земја. Ништо не е променето од она што тој го доживувал и пренесувал на хартија. Веројатно е само полошо. Текстилните работници се крајно експлоатирани, а за тоа никој нема слух. Имаат неисплатени плати, неисплатени придонеси, неисплатен регрес за годишен одмор, неисплатени прекувремени работни часови за кои не се ни зборува дека постојат, смрт на работно место за која никој не одговара како и ситуација кога дел од опремата за работа, којa според законските одредби мора да биде обезбеденa од работодавецот мораат да ja купуваат од сопствени финансиски средства. Немање заштита при работа и мизерни услови во кои ги исполнуваат работните обврски. Понижување, мобинг, одземање на секое работничко право се дел од секојдневието на македонскиот работник. Постои агенда за пристојна работа на меѓународната организација на трудот, но очигледно намерно е заборавена односно за Македонија е непозната. Каде се новите работни места кои на работникот ќе му претставуваат задоволство, а не мачење и каде е почитувањето на меѓународните стандарди на трудот? повеќе…
-
Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство.
Михаил Бакунин
Федерализам, социјализам и антитеологизам