Движење за социјална правда

ДСП – ЛЕНКА се приклучува на протестот против интернет цензурата

internet-cenzura

 

По повик на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ќе го затемне својот сајт во рок од 24 часа, започнувајќи вечерва на полноќ.

“Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера со новиот закон доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите”, се вели во повикот на ССНМ.

Интернетот мора да остане надвор од државна контрола бидејќи тој е единствен извор на слободно информирање на народот надвор од контролираните канали на мејнстрим медиумите. Никоја власт не смее да го ускратува тоа право преку „регулација“ односно цензура на интернет просторот под било која основа! Исто така никој човек не смее да биде приморан да бара дозвола за присутност во интернет просторот и за слободно дистрибуирање на информации на интернет! (чл. 54 од предлог-законот)

Повелба за солидарност

povelba

 

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостојниот синдикат на клиничките центри (ССКЦ) и Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) денес (30.04.2013) потпишаа Повелба за солидарност, која претставува еден вид антипод на корумпираните и бирократизирани синдикални федерации, а ќе се залага за заедничка борба против влошувањето на условите за работа и ослабувањето на синдикатите, која борба ќе биде спроведена „преку заеднички кампањи, предупредувачки, солидарни и други штрајкови, заеднички прес-конференции и други форми на синдикални механизми кои се користат за остварување на подобри работнички права.“

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја поздравува оваа иницијатива и ги охрабрува синдикатите-потписници на Повелбата да ја изразат солидарноста преку повикување на нивното членство на утрешниот Првомајски протест, кој ќе започне во 12:00 на паркингот позади ГТЦ кај хотелот Холидеј Ин.

Целосниот текст на Повелбата можете да го прочитате  овде.

 

Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!