Движење за социјална правда

Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)

Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто  беа  објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.

  1. Зошто идејата за глобализација е во криза?

Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…

Збор-два за перспективата на македонската демократија

lenkaLogo-565x320

  1. Да почнеме со појаснување на поимите кои се клучни за разбирање на текстот. Таквите поими имаат различно значење и често се користат како флоскули во актуелниот општествен живот: демократија, слобода, народ, итн. Постапката на избирање на претставници во политичката сфера од локално до републичко ниво со тајно гласање без присила, уценување, како и други манипулации, и нивното овластување да одлучуваат според мислењето на избирачите е само привид на демократија. Дури и да се почитуваат основите правила на фер избори т.е. на отсуство на присила, како брутална сила така и прикриена сила со заплашување од секаков вид, кои во голема мера се постигнати во развиените западни држави, слободата на избор е под директна врска со материјалните и финансиските средства на политичкиот субјект, а идеолошкото загадување на мнозинството од страна на малцинството е професионализирано. Еве на пример, се согласуваме за момент дека системот е демократски поставен како е задоволено горното правило. Се избираат претставници на база на нивни намери и програма. Се спроведува референдум со јасно прашање. Но, нашето искуство вели дека политичките програми, идеи и визија се само празни зборови на потрошена хартија која поради квалитетот ни за ВЦ не може да се искористи. Тоа е јасно за Македонија, некој ќе рече, ама во вистинските демократии не е така. Ама како е? Во Грција имаше дури и референдум со кој се кажа НЕ на третиот Меморандум. Како попчиња од СИРИЗА го протнаа Меморандумот без дебата во Парламентот. Нивниот мандат повеќе не е легитимен во однос на демократското претставување.

повеќе…

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!